Пријави се за нашиот електронски билтен

Со оган и со меч

Автор:
*
Година на издавање:
*
Јазик:
*
800,00 ден.

Со оган и со меч“ е првиот роман од, можеби, најзначајното дело на нобеловецот Хенрик Шенкевич – „Трилогија“, која критиката ја вреднува како opus magnum на овој автор. Романот ги следи случувањата од историјата на Полска за време на козачкото востание на Хмељници (1648–1654) во Украина. Писателот, трудејќи се да поттикне патриотски чувства кај читателот, на романот му придодал карактеристики на витешки епос, вовел волшебни елементи и создал силни ликови што го репрезентираат доброто и злото.

Побунетите Козаци под водство на Хмељницки се претставени како варвари жедни за крв, а Полјаците како праведни и храбри бранители на татковината. Романот ги опишува историските личности и случувањата од полска перспектива, со голема симпатија кон полското благородништво што е индивидуализирано преку бројни епизодни личности, меѓу кои најмногу се истакнуваат ликовите на господата Заглоба и Лонгинус Подбипета, кои се прикажани како витези и бранители на христијанството, додека востаниците се обвинети за колежите, антисемитизмот и сојузот со Татарите, непријателите на татковината и на верата.

Во приказната мајсторски се преплетени голем број историски и фиктивни личности, вистински и измислени настани, како и бурната љубовна приказна на беспрекорниот витез – Јан Скшетуски и на прекрасната благородничка – Хелена Курчевичовна, кои, разделени од непријателите и злата судбина, преживуваат бројни перипетии.