Како да купам

Како до мојата омилена книга?

До вашата омилена книга најлесно може да дојдете преку формата за пребарување која се наоѓа во горниот десен агол на почетната страна. Со испишување на името или дел од името на насловот што го барате во формата „Пребарувај“, најлесно и најбрзо ќе дојдете до вашата посакувана книга.

Како да добивам информации за најновите книги?

Најновите книги може да ги погледнете на сајтот, преку менито „Ново“. Исто така може да се зачлените и да добивате билтени на вашата е-адреса за најновите наслови и промотивни активности.

Како да купам книга?

Секоја книга која е понудена едноставно можете да ја нарачате. Под секоја книга се наоѓа копче „додади во кошничка“, доколку сакате да ја нарачате книгата кликнете на истото. Исто така кога ќе кликнете на самата книга ќе го добиете описот за неа и останатите битни информации. Можете да погледнете од кого е книгата, кој е издавач, број на страници, цена на книгата и др. Доколку сакате да ја нарачате книгата кликате на копчето „внеси во кошничка“.

Што откако ја имам книгата во кошничка?

По внесувањето на посакуваната книга во вашата кошничка можете да продолжите со вашата нарачка, односно да направите нарачка на повеќе производи или да продолжите со финализирање на нарачката.

Како да платам?

Од како сте избрале дека сакате да платите за она што веќе го имате во кошничка, нашиот систем ви нуди можност да платите со платежна картичка.

Плаќање со платежна картичка

Сите платежни трансакции се извршуваат со помош на системот на Стопанска банка, кој е овозможен и подржан од Касис-Cpay, реномирана компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери посветени сме на максимална сигурност и доверливост.

Доколку имате своја платежна картичка целата трансакција се одвива електронски, сигурно и брзо. Пред внесувањето на бројот од кредитната картичка пренасочени сте на сигурна веб страна на банката. Се внесуваат потребните податоци како: бројот на картичката, името на имателот на картичка, датум на истекување на истата (месец и година) и троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна на платежната картичка.

Притоа, податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење.

Потоа потребно е да потврдите дека сте сигурни дека го купувате производот со јасно назначена цена и добивате потврда за успешно извршената трансакција.

Доколку не сте добиле потврда за успешна трансакција:

-Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка

-Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши.

-Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.

Доколку се наведено сте провериле и понатаму неможете да ја направите трансакцијата, проблемот е најверојатно од техничка природа од страна на Casys , па затоа ве замолуваме да не известите на: contact@ikona.mk

 

Пријави се за нашиот електронски билтен