Услови за користење

Општи услови

Добредојдовте во Ikona.mk. Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ikona.mk е е-продавницата каде ќе можете да купувате и да разменувате мислења и искуства во врска со вашите омилени книги.

Заштита на лични податоци

Заштитата на вашите лични податоци подетално е опишана во делот Заштита на лични податоци.

Електронска комуникација

Со вашата посета на Ikona.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата. Преносот на податоците се врши на серверот на Ikona.mk. Со регистрацијата добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, Ве молиме да не известите.
Регистрираните членови на Ikona.mk се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени, во кои меѓу другото ќе бидат застапени и содржини поврзани со понудите од нашите партнери.

Вашето корисничкоиме и лозинка

Со најавување на нашиот систем, Ikona.mk, одговорни сте за одржување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име. Продажбата на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена без надзор од родител, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на Ikona.mk единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.

Употреба на лични податоци

Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:

Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате 
Решавање на спорови или решавање на проблеми 
Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности 
Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата 
Споредување на точноста на дадените информации со трети страни

Коментари, прегледи и друга содржина

Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. Ikona.mk ќе да ги отстрани сите пораки за кои цени дека се во горенаведените категории.

Опис на производот

Сите описи на понудените производи се објавени од страна на издавачите и Ikona.mk не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен од Ikona.mk не е во согласност со описот, ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен.

Цени

Сите цени на сајтот се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за за пакување и дистрибуција се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.

Авторски права

Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на Ikona.mk и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со закон.

Ограничување од одговорност

Ikona.mk ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати. Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.

Ikona.mk не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница. Ikona.mk не одгвора за поседувањето на авторските права за книгите што се продаваат преку системот. Ikona.mk е посредник во продажбата на книги. Издавачите се согласуваат со овие општи услови и потврдуваат дека ги имаат соодветните авторски права.

Законски одредби

Со посетата на Ikona.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.

Политики и измени

Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб страницата. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страницата. Ikona.mk го задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и општите одредби во било кое време. Адреса: Димитрие Чуповски 24, Скопје.

Содржина на коментар

Се препорачува коментарите на Ikona да бидат во согласност со содржината на сајтот. Препораки и правила за коментарите

  • Најдобро е да внесуваат коментари кои го изразуваат личното мислење на корисникот во однос на одредена книга кои се напишани на културен и разбирлив начин.
  • Се забранува навредливо критикување на личното мислење на друг корисник само затоа што не се совпаѓа со вашето.
  • Може да се оцени книгата или да се цитира некоја мисла но не и да се раскажува истата со цел да се дозволи на останатите корисници сами да ја дознаат содржината од книгата која сакаат да ја нарачаат.
  • Не се дозволени коментари кои содржат навредливи содржини во однос на расна, етничка, партиска или религиозна припадност.

Електронска фактура

Со секоја успешно извршена нарачка и уплата од системот на Ikona.mk по електронска пошта ќе добиете електронска фактура која има третман на валидна оригинална фактура. 

Претходно наведените правила се воведени за што поуспешна соработка и комуникација со нашите корисници како и добра интеракција меѓу корисниците.

Пријави се за нашиот електронски билтен