Испорака и враќање

Политика за враќање

ikona.mk обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од www.ikona.mk под долу наведените услови:

Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите на адреса: Димитрие Чуповски 24, Скопје.

Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.

Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50- 80% од цената на чинење.

ikona.mk има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата www.ikona.mk . Нашата политика за Враќање на производ и парични средства, е достапна на нашата веб страницата. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.

Политика на испорака

Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница, a електронската фактура за извршеното плаќање ќе ја имате веќе добиено по електронска пошта. Купените производи ќе Ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака Трошоците за испорака се пресметуваат според одбраниот начин на плаќање, и во зависност од моментални акции или промоции на Ikona.mk. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака кој сте го избрале.

Испорака во Македонија:

Вид на испорака: Препорачана пратка

Цена на испорака: 100 МКД со вклучен ДДВ

Рок на испорака: 3 до 5 дена *

Испорака во Скопје

Вид на испорака: Препорачана пратка

Цена на испорака: 100 МКД со вклучен ДДВ

Рок на испорака: 3 до 5 дена *

* НАПОМЕНА! Ве молиме имајте предвид дека Ikona.mk испорачува само во работни денови.

Испорака во странство

Вид на испорака: Национална пошта

Цена на испорака: 10 EUR до 5 kg

Рок на испорака: 2 до 5 седмици **

** Македонска пошта го одредува рокот и динамиката на испорака на пратките. Доколку пратката не е доставена во временскиот период прикажан погоре,Ве молиме да не информирате на contact@ikona.mk

Трошоците за испорака на нарачката ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот. Збирот на овие две цени (цена на производ и цена на услугата - испорака) ќе биде исто така јасно истакнат и назначен.

Забелешка за пратките за странство: 
Примачот на пратката е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките, коишто се испраќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примателот; ние немаме контрола над овие давачки и не можеме да предвидиме колкави би биле истите. Царинските политики варираат во голема мера од земја до земја. Ве молиме контактирајте ја вашата локална царинска испостава за дополнителни информации.

Пријави се за нашиот електронски билтен