Блог

ЧИТАЊЕТО И СТРЕСОТ

Читањето “може да помогне да се намали стресот”

Читањето е најдобар начин да се релаксирате, па дури и шест минути може да бидат доволни за да се намали нивото на стрес за повеќе од две третини, според новото истражување.
Читањето може да ги намали нивоата на стрес за 68 проценти, според истражувањето на Универзитетот во Сасекс.

И тоа функционира подобро и побрзо од другите методи за смирување на нервите, како што се слушањето музика, одењето на прошетка или седнување со чаша чај, откриено е во ова истражување.
Психолозите веруваат дека ова е затоа што човечкиот ум мора да се концентрира на читањето и дека одвлекувајќи во го вниманието ве внесува во светот на кижевноста и го олеснува стресот во мускулите и срцето.
Истражувањето беше спроведено на група доброволци од консултантската фирма Mindlab International на Универзитетот во Сасекс.
Нивните нивоа на стрес и срцевата фрекфенција беа зголемени преку низа тестови и вежби пред да бидат тестирани со различни традиционални методи на релаксација.
Читањето се покажа најдобро, намалувајќи го нивото на стрес за 68 %, рече когнитивниот невропсихолог Др. Дејвид Луис.
Луѓето требаа да читаат, во тишина, само шест минути за да го забават срцевиот ритам и да ја олеснат напнатоста во мускулите.

Слушањето музика го намалило нивото на стрес за 61%, одмор со чаша чај или кафе за 54 %, а прошетка за 42 %.
Играњето видео-игри го намалува стресот за 21 %, но сепак срцевите отчукувања ги остава на нивната почетна точка.
Д-р Луис, кој го спроведе тестот, вели: “Губејќи се себеси во книга е врвна релаксација.”

“Ова е особено важно во тешките и неизвесни економски неприлики кога сите ние имаме одредена количина на ескапизам.

“Навистина не е важно која книга ја читате, губејќи се себеси во интересна книга можете да избегате од грижите и стресот на секојдневието и подолго да го истражувате доменот на авторската имагинација.

“Ова е повеќе од само забава, бидејќи преставува активно ангажирање на имагинацијата, бидејќи зборовите на печатената страница ја поттикнуваат вашата креативност и предизвикуваат да влезете во она што во суштина е изменета состојба на свеста”.