Почетната точка за моќен говор е публиката. Запомнете, не се работи за вас, се работи за нив. Способноста убедливо да зборувате пред публика е клучна за вашиот успех. Ќе ви донесе почит од другите, ќе ве направи повредни за компанијата и ќе го привлече вниманието на луѓето кои можат да ви помогнат и да ви ги отворат вратите. Притоа, јавното говорење е вештина што може да се научи, а најпознатиот светски говорник Брајан Трејси е идеалниот инструктор. Знак за вистински професионалец во секое поле е подготвеноста. Колку потемелно ќе се подготвите толку подобри резултати ќе постигнете. Кога ќе научите како да одржувате одлични говори и пред мала група и пред голема публика, ќе станете еден од највлијателните и најубедливи поединци во својата област. Моќта на јавното говорење ве учи како: • Да ги зголемите самодовербата и самопочитта • Да постигнете силна умствена контрола • Да го освоите и да го задржите вниманието на слушателите • Да ја импресионирате публиката
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.