Моќна и чувствителна приказна за храброто момче што има оштетен вид и слух, раскажана од неговата сакана сестра во форма на стихови и проза, вклучувајќи ја и азбуката со знаковен јазик. Карло е тинејџер што има оштетен слух и може да гледа само со едното око. Но, окото што гледа почнува да ja губи својaта сила и Карло мора да оди на операција за да го спаси видот. Неговата борбена и весела сестра, Ема, е најголемата поддршка за Карло. Таа постојано го бодри Карло да го победи стравот, додека неговото верно куче Лулу е постојано покрај него. Но, дури и со поддршката и влијанието на неговото семејство, на Карло му е тешко да се соочи со таква неизвесност? И што ќе се случи доколку тој нема да може веќе да комуницира со нив? „Пред да падне ноќ“ е книга за довербата, имагинацијата, емпатијата и јазикот. И покрај страшните предизвици со кои Карло и Ема треба да се соочат, ова е нивната приказна за храброста и чудата.
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.