Чекањето се исплатеше - завршниот дел од трилогијата „Солунска 28“ конечно е пред верната армија почитувачи на ликот и делото на д-р Неле Карајлиќ. Со тоа е ставена точка на приказната за судбината на една дорќолска адреса и неколку генерации кои живееле тука, но отворено е ново поглавје во создавачката биографија на човекот кој веќе четири децении пее, компонира, глуми, режира и пишува ли пишува. за сето тоа време, д-р Карајлиќ со својата непресушна смисла за хумор ни ги олеснуваше разбирањето и поднесувањето на светот во кој многу почесто се занимававме со преживување отколку со уживање во животот. Тоа беше ќеф на госпоѓата Историја. Но, д-р Карајлиќ не би бил д-р Карајлиќ ако во својата сага за еден град и две и пол светски војни не ја зграпчи таа иста Историја онаму каде што е најтенка и не ја преврти наопаку...
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.