Оваа книга ќе ви помогне да воспоставите правилна ментална рамка и да ги разбистрите мислите во врска со многуте прашања кои си ги поставува секој човек, и кои треба да бидат одговорени пред да можете да најдете сигурност и соодветно место во поредокот на нештата. Уште веднаш можете да започнете да доживувате поголем успех, но тоа може да започне само со начинот на кој размислувате. Постојат одредени нешта кои другите можат да ги сторат за вас, меѓутоа постои едно нешто кое единствено вие самите можете да го правите за себе: да размислувате. Тоа размислување треба да биде на начин на кој вашите мисли ќе имаат корисно влијание врз вашиот секојдневен живот. Мислите стануваат ваши искуства. За да го промените светот морате да започнете од себе. Научете да се сакате себеси, затоа што само љубовта создава, а сè друго е уништувачко. Љубовта раѓа љубов!
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.