Магијата е во она што го кажува книгата, во начинот на кој ги спојува парчињата космос во единствена целина.
Романот антиутопија „Фаренхајт 451“ е слика на едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите огноотпорни домови и никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат. Обземени се од своите интерактивни телевизори-ѕидови кои им го окупираат целото внимание и не им оставаат време за размислување. Универзитетите се затворени или се претворени во школи за атомско инженерство. Книгите се прогласени за непотребни, строго се забранети и подлежат на горење. Но една мала опозиционерска група сака да го спаси духовното богатство на човештвото и секој нејзин член знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија. Кон нив се приклучува и Монтег, преобратениот пожарникар, кој ќе стане сведок на уништувањето на навидум сигурното и „идеално“ општество... Метафора која со изминувањето на времето станува сè повалидна.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.