Facebook Pixel

МОЛИТВАТА И ОБОЖУВАЊЕТО – Георги Капсанис, Антониј Блум

Мек повез

i

Број на страни: 126

ISBN13: 9789989213236

399 ден

SKU: 9789989213236 Категории: ,

ОБОЖУВАЊЕТО КАКО ЦЕЛ НА ЧОВЕКОВИОТ ЖИВОТ - старец Георги Капсанис
УЧИЛИШТЕ ЗА МОЛИТВА - Митрополит Антониј Блум

...Погледнете во разните делови од Евангелието. Многу поголеми луѓе од нас се колебале да Го примат Христа. Да се сетиме на стотникот кој Го замоли Христа да го исцели неговиот слуга. Христос рече: “Ќе дојдам” - а стотникот одговори: “Немој. Кажи само збор и тој ќе се исцели”. Дали ние го правиме ова? Се обрнуваме ли кон Бога велејќи Му: “Не јавувај се пред мене. Доволно е да кажеш збор и јас ќе бидам исцелен. Доволно е да кажеш само збор и нештата ќе се случат. Јас во моментов веќе не сум потребен”. Или, на пример, Петар, кога по големиот риболов паѓа на колена во коработ и вели: “Остави ме, о Господи, јас сум човек грешен”.

Тој Го моли Господа да го напушти неговиот брод зашто се чувствува понизно, а се чувствува понизно затоа што наеднаш ја спознава величината Христова.

Го правиме ли ние некогаш ова? Кога го читаме Евангелието ликот Христов станува величествен. Дали кога се молиме и кога стануваме свесни за величината и светоста на Бога, велиме: ”Недостоен сум Тој да дојде при мене?”

Да не зборуваме за сите оние ситуации кога треба да бидеме свесни дека Тој не може да дојде при нас зашто ние не сме во состојба да Го примиме.

Ние бараме нешто од Него, но не самиот Него. Зарем тоа е однос? Зарем на тој начин се однесуваме и со нашите пријатели?

Дали го бараме она што можеме да го добиеме од пријателство- то, а не љубениот пријател? Дали ова е вистина и во однос на Бога? ...

Митрополит Антониј, световно име Андреј Борисович Блум (рус. Андрей Борисович Блум; Лозана, 19 јуни 1914 — Лондон, 4 август 2003) беше припадник на француското движење на отпорот, воен хирург и православен митрополит.Роден е во 1914 година во Лозана, во Швајцарија. Неговата мајка беше сестра на композиторот Александар Скријабин. Татко му беше член на руската царска дипломатска корпа, па детството го поминува во Русија и Персија. За време на болшевичката револуција семејството се сели во Персија од каде во 1923 година се преселуваат во Париз. Идниот митрополит таму дипломира физика, хемија и биологија и докторира медицина на парискиот универзитет.

Во 1939 година, пред да замине да се приклучи на француската армија на фронтот како хирург, тајно зема монашки завет, а во 1943 година прима монашки постриг и го добива името Антониј. За време на окупацијата на Франција од страна на Германците, се приклучува на движењето на отпорот. За игумен е ракоположен во 1953 година, во 1956 за архимандрит, а во 1957 за епископ. Митрополит стана во 1966 година. Неговите проповеди на Руската православна црква привлекоа многу Британци. Антониј Блум почина на 4 август 2003 година во Лондон.

Дополнителни информации

Автор

,

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.