Стурла Јоун Јоунсон има педесет и нешто години и работи како домар, а понекогаш е и поет. Тој е поканет на поетски фестивал во Вилнус, Литванија и назначен, барем тој така смета, за официјален претставник на народот на Исланд во областа на поезијата.
Неговата последна збирка поезија, објавена во пресрет на неговата посета на Вилнус, предизвика многу контроверзии во неговата матична земја – Стурла е јавно обвинет дека ги има украдено песните од неговиот одамна умрен братучед, Јоунас.
Потоа, тука е и неговиот нов капут, првото скапо парче облека што некогаш го купил и којшто предизвикува огромен број неволји. Тука е и статијата што ја напиша за литературното списание и којашто укажува на глупоста на книжевните фестивали и го прогласува крајот на неговата поетска кариера.
Има уште многу нешта со коишто Стурла ќе треба да се справи, а тука не се сметаат ниту неговата сопруга и нивните пет деца, ниту бизарните искуства и ликовите со коишто е принуден да се соочи на фестивалот во Вилнус...
БРАГИ ОЛАФСОН е исландски музичар и писател. Најмногу е познат како басист во групата Sugarcubes, бендот со кој настапуваше Бјорк, пред да ја започне својата соло карирера.
Новелата Миленичињата (Gæludýrin) била номинирана за Icelandic Literary Prize во 2001 г. За новелата Забавни игри (Samkvæmisleikir) во 2004 г. ја добил DV Cultural Prize, а новелата Амбасадорот (Sendiherrann) беше номинирана за Nordic Council’s Literature Prize во 2008.
Браги е еден од основачите на издавачката куќа Лош вкус (Smekkleysa) којашто претежно издава музика и организира различни видови на настани.
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.