Балканот – Терор на културата

Авторот тргнува од познатите, пред сè европски стереотипи, врзани за дефинирањето на Балканот како простор со дефицитарна култура и оди понатаму, истражувајќи како самите балкански национални елити во своите земји заземаат таква позиција спрема тие стереотипи, што на своите народи им припишуваат пресилна доза на култура, која потоа во многу примери се манифестира деструктивно. Во тој контекст, авторот истакнува дека во дискурсот на балканските елити, културата често добива својства на вистинско божество и додава: „Ако Балканот е воопшто ‘буре барут’, како што тој често се опишува, тогаш функцијата на детонатор кој ја предизвикува експлозијата на тоа фамозно буре ја има токму културата…“

Така, во оваа здраво антинационалистички образложена студија, произлегува, дека Балканот во најголема мера е тероризиран токму од културата. Книгата е објавена уште на француски, полски и други европски јазици. Освен „Балканот – терор на културата“, Чоловиќ е автор уште на десетина студии меѓу кои „Дива книжевност“, „Еротизмот и книжевноста“, „Политиката на симболи“, „Етно“ и други.

320 ден

Автор: Иван Чоловиќ
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил