
Балкански наративи
Книгата Балкански наративи на Катица Ќулавкова ги демистифицира стереотипите на Балканот низ призма на неговите митски, епски, културни, историски и политички наративи (Црн Бог, Црна Арапина, Болен Дојчин, Лепа Ангелина, Одисеј, Пенелопа, Крале Марко, мртвиот брат кој воскреснува).
Критичкото толкување на балканските стеротипи на насилството, варваризмот и верноста, на „бурето барут“, „Пандорината кутија“ и „папокот на светот“, вклучува скептичност, но и визија. Скептичноста се однесува на конзервативните системи на вредности, а визијата – на новите развојни стратегии, интеркултурните.
Балкански наративи го ревидира доминантниот културолошки дискурс за Балканот и ја сугерира потребата од ревизија на актуелните геополитички пристапи спрема Балканот (концептот на балканизација или „раздели па владеј“). Зашто балканскиот хронотоп е клуч за декодирање и решавање на многу социјални и меѓуетнички констелации во современа Европа, онаа која е од другата страна на балканското гето!
350 ден