БЕЛАДОНА

Во една лудница на југот, можеби и на северот, триесет и девет затвореници исто така си ги шијат устите – со хируршки конец. При шиењето затворениците користат широк закосен бод, па секоја уста е зашиена во три, најмногу четири потези. Беше тоа бунт на болните против персоналот кој не им се обраќаше. Во душевната болница тогаш  завладеа уште поголемо безгласје, голем молк кој денес како пареа, како дим, шишти од таваните и од ѕидовите на дотраената зграда во небиднина и во облаците се крева кон небото; во црните ноќи  (moonless nights), тоа исто безгласје, тој злокобен човечки молк, наводно лудачки, се враќа како ветре; како мек дожд тој паѓа врз матните окна на нашиот азил во недојдија и, за да  преживеат, бидејќи тоа е нивниот единствен воздух, болните со него, со тоа чумаво но безмирисно ветре, со таа невидлива пајакова тишина, ги полнат своите сега веќе распаднати, лабави бели дробови. Пејзажот околу лудницата запечатен е, скаменет, како неподвижен цртеж. Тој лежи под лава од тишина исткаена од нечујни чекори кои меко шумолат бидејќи се излеваат од таа душевна болница во која сите влечки се од филц.

 

Би можел и тој. Да престане да зборува. Да престане да се сеќава.

399 ден

Автор: Даша Дрндиќ
Издавач: Икона
Димензии: 312стр. 13х20 cm
Тежина: 300 гр.
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил