БЕЛИ ЗНАМИЊА

„А што си мислеа“

Старите „пријатели“ Ростом Амилахвари и Заза Накашидзе не се виделе одамна. И на 8. мај се сретнале во близина на ресторанот „Фантазија“. Професионалните неработници се избакнале и веднаш одлучиле да се забавуваат малку со воткичка (со кои, и на каков начин стекнати пари, тоа е друго прашање).

Во ресторанот, покрај „пријателите“, мирно си вечерало друштво чесни граѓани. Бидејќи набргу се нашле во власт на Бахус, Накашидзе и Амилахвари се оддале на вообичаеното занимање – почнале да ги пцујат со најнепристојните пцости што постојат во рускиот јазик и провоцирачки гледале кон друштвото што вечерало. Неподносливото нарушување на јавниот ред и мир од страна на двајцата непристојни ништожници траело долго, и покрај честите предупредувања и молби на бифеџијата. И тогаш, еден од горенаведените гости граѓанинот А.Х. отишол до бељаџиите и почнал татковски да ги опоменува:

Младино, вам ви е познато дека алкохолот штетно делува на здравјето, на умствените способности и моралниот карактер на човекот. Ве молам: задоволете се со тоа количество на алкохол што веќе го испивте, одете си дома и ќе ви биде подобро, позанимавајте се со книгите. Вие сигурно сте студенти на висока школска установа. А јас овде ќе ви ја платам сметката.

Ама не било така едноставно да се вразумат двајца хулигани што ја преминале секоја мерка.

Тие најпрвин жестоко го претепале граѓанинот А.Х. и го довеле до коматозна состојба, па потоа почнале со шишиња да ја бомбардираат масата на горенаведеното друштво. Жртва на нивниот хулигански напад станал граѓанинот Соселија, кој, од кога со „итна помош“ го одвеле во болница, починал.

Се разбира, Амилахвари и Накашидзе пробале да се скријат, ама беа фатени на местото на злосторството од пристигнатата група на полициски работници, во чиј состав бил и заменикот- началник од истажното одделение, поручникот Н. Легашвили, полицајците Б.Татарашвили, В. Русидзе, С. Берѕенишвили, Б.Сисојев, В. Квернадзе и Д. Арабули.

На Р. Амилахвари и З.Накашидзе наскоро ќе им се суди и ќе ја добијат заслужената казна. А што мислеа тие?!

Но. сепак, предизвикува чудење тоа што, како што е сега познато, познатите силеџии З. Накашидзе и Р. Амилахвари до овој случај ниту еднаш не носеа кривична одговорност. Тоа на органите на полицијата мора да им послужи како сериозно предупредување за потребата да се подобри работата во областа на спречување на криминалот“.

Над стрмните карпи на Метех, на местото каде што сега, на камен коњ, Горгасал со крената тупаница ги предупредува возачите да бидат претпазливи на кривината, а од каде во старите времиња тбилиските очајници со камен на вратот заминуваа на својот последен животен пат, во матните води на Мтквари6, некогаш стоеше метешката тврдина (овде зборот „тврдина“ треба да се сфати во смисла на „затвор“).

Во годините на силниот развој на револуцијата и потоа со подивените реакции имаше толку многу луѓе што посакаа слобода, што во метешкиот затвор нема- ше веќе место. Кога го виде тоа познатиот индустријалец Манташев, одлучи да ги отстапи своите две четирикатни згради во Ортачалам, предвидени за неговата текстилна фабрика, па на неговиот роденден свечено му ги предаде на Неговото височество Николај Втори Романов, импрератор и самовладетел на сите Руси, цар на Полска, голем кнез литвански итн. итн. Ортачал- скиот затвор го доби називот „губерниски“.

А во февруари 1921 „губерниски“ го конфискуваа болшевиците, и не менувајќи му ја функцијата ниту името, ѝ го предадоа на работничката класа на вечно користење.

…Главната знаменитост на затворот е една огромна азбучна книга. Секој кој сака да дознае каде се наоѓа неговиот затвореник, мора да влезе во административ- ната зграда на затворот, да чукне на прозорецот со нат- пис „Канцеларија“, и, ако се отвори прозорецот, да го каже презимето на тој што го бара. После една – две минути прозорчето дава одговор.

Како што разбравте и сами, во таа книга јас сум запишан под буквата „Н“. И за мене тука е напишано следново: „Уапсен на 8 мај. Во затворот донесен на 11 мај. Зграда 5, ќелија 10, истрагата се води по чл. 110. КЗ ГССР“.

А што е напишано во тој член 110., ќе дознаеме малку подоцна.


Сентиментален хуманизам

Арамијата во затвор е неприкосновен, тој се корис- ти со апсолутна автономија. Арамијата не се меша во туѓи работи, а уште помалку ќе дозволи некој да се меша во неговите работи. Затоа, колку и да изгледа

99

парадоксално, да лежиш во затвор со арамии е многу попријатно отколку со кој било друг, без оглед на обра- зованието, професијата, судбината, карактерот, нацио- налноста. Ќелијата во која нема крадец потсетува на пуст остров, каде жртвите на бродоломот страдаат во своите бедни денови во исчекување на спасувачкиот брод и се грижат еден со друг. Рамноправноста помеѓу крадците понекогаш е едноставно запрепастувачка. Крадецот од крадец се разликува само по степенот на образование, што вреди да се протолкува со фактот дека во нивниот устав на крадци нема параграфи за задолжително општо образование. Меѓудругото, обра- зованието не му дава на крадецот баш никаква при- вилегија: сите крадци се подеднакво несреќни. За нив не постои поимот социјален, финансиски или нацио- нален цензус. Крадецот е крадец, без оглед дали е од Месопотамија, Танзанија или Чохатаурија. За краде- цот не постои ни црна, ни бела ни црвена или жолта боја – сите крадци се подеднакво црни. Крадецот не е вработен, тој нема професија, затоа на крадците им е непознато чувството на професионално соперништво или професионална гордост. Единствена професија на крадецот е – крадењето. Крадец може да почитува кра- дец заради некои лични квалитети, а тоа е пред се лич- на работа. Во затвор крадците се хранат заедно, тие меѓусебно го делат последното парче, во сѐ еден на друг си помагаат. Колку крадецот на слобода е плаш- лив и недоверлив, толку е тука храбар и лојален на својот другар по затвор. Затворот е стихија на крадци- те, тука тие се чувствуваат пријатно. И затоа крадците не учествуваат во чистењето на ќелијата, затоа во та- белата за дежурства која ја состави Гогољ стојат сите наши презимиња без Девдаријани и Гулојан.

100

Денеска дежураат Шошија и Мебуришвили. Тие веќе ја изнесоа кофата, го наполнија казанчето со вода, а сега Шошија, мрморејќи незадоволно, ја мете ќелија- та. Тигран и јас играме шах, останатите, со скрстени нозете, седат на дрвената клупа за спиење.

– Што, да не сум јас полош крадец од останатите? Дали јас сум украл помалку од другите? – го поткрена гласот Шошија.

Јас знам каде тој цели, но молчам.

– Да, да, по што сум јас полош од другите? – глас- но повтори Шошија, запнувајќи со метлата по нашите нозе.

Тигран одеднаш застана со кралицата во рака. Вни- мателно ме погледна мене, па Шошија.

– За кого ти тоа, почитуван Шошија?

Не обрнувајќи внимание на него, Шошија продол- жи:

– Сеедно кој е крадец, ти или Мао Це Тунг, или Александар Македонски – чистотата на сите им е по- требна! Да! И јас воопшто не сум должен да го чистам ѓубрето по другите! Каде е тука правичноста?!

– Заза-џан, знаеш ли ти за кого тоа овој граѓанин говори? – ме праша Гулојан мене.

– Играј, господе, може да се случи да ме пуштат, па партијата да остане недовршена.

399 ден

ISBN: 9786082210452 Категорија , Tag
Автор: Нодар Думбадзе
Издавач: Икона
Димензии: 212стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Краткиот роман “Бели знамиња“ (1973) е приказна за десетмина луѓе коишто во ќелијата на истражниот затвор ја очекуваат пресудата, односно решението на својата судбина и понатамошниот живот. Приказна истовремено проникната и со здрава смеа и со сериозна човечка болка, во којашто трагедијата и комедијата се испреплетени низ животите на овие сосема различни луѓе, со различен животен пат, различни навики, индивидуалности па дури и различен речник, но со ист привремен живот во истите затворски ѕидови.


Од неговите меланхолично оптимистички дела, блеска едноставноста на лирската проза и специфичниот народски хумор, којшто, заедно со изразито хуманистичкиот однос кон човекот, се главни одлики на неговата литература.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber