
Борхес и Компјутерот
…Гледано од оваа перпсектива, индексот на книгата на Александар Прокопиев може да се состави од неколку одредници, кои го резимираат целокупното значење на книгата есеи со прозаичен наслов Борхес и Компјутерот, сите места, сите имиња, настани и случувања.
Според мојата слободна проценка, која настана како резултат на извлекување на најбитните карактеристики на оваа книга, а со тоа и најбитните карактеристики на есеистот Александар Прокопиев, овие индексни одредници ги нареков, L‘ecriture du voyage, Постмодерна авантура, За виртуелната книжвност, За омилените писатели, и Љубовта како спас.
Овие одредници всушност ќе бидат нашиoт водич низ длабоката и секогаш полнозначна есеистика на Александар Прокопиев, која пред се‘ е оригинална по својот израз, номадска по својот карактер и лесна по својата рецептивност…
Ермис Лафазановски
126 ден