ВЕЛИКИОТ ПОСТ

330 ден

Автор: Александар Шмеман
Издавач: Икона
Димензии: 156стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Во раната Црква постот означувал апсолутно воздржуванье од храната, односно состојба на глад којашто го доведува телото до краJната граница. И токму од тоа разбираме дека постот како физичко лишуванье од храната е апсолутно бесполезен без втората, духовната компонента. „Со пост и со молитва“…

Тоа значи дека без соодветен духовен напор, без личното зацврстуванье во Божјата Реалност, без спознанието за својата апсолутна зависност од Бога и само од Бога, физичкиот пост се претвора во самоубиство

…Според она што беше кажано претходно, постот треба да се исполнува на две рамништа: прво, на нивото на аскетскиот пост;
и второ – на нивото на совршениот пост. Аскетскиот пост се состои во силно редуциранье на исхраната, така што постојаното чувство на глад да се доживува, од наша страна, како сеќаванье на Бога, и да ја поддржува постојаната усилба тоа сеќавање да се задржи во свеста. ’

И така, од символичен и номинален пост, мора да се вратиме на вистинскиот пост. Нека тој биде ограничен и скромен, но затоа постојан и сериозен. Треба реално да ги процениме нашите духовни и физички можности и способности, и да дејствуваме според нив, не заборавајќи, истовремено, дека, постејќи, не треба да се плашиме од нашите ограничени способности, туку во својот’’ живот да го видиме божествениот доказ дека она што е невозможно за човекот, Му е возможно на Бога.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber