ВЕЧНИОТ СИН

399 ден

Автор: Кристовао Теза
Издавач: Икона
Димензии: 220стр. 13х20 cm
Тежина: 220 гр.
ОПИС

Вечниот син е искрена автобиографска новела од писател кој има дете родено со Даунов синдром. Кристовао Теза го опишува искуството од првичниот шок кога ја дознал дијагнозата, трудот да го разбере светот на болниците и терапиите, притоа испреплетувајќи ја приказната за животот на неговиот син Фелипе со сопствената животна приказна. Фелипе, кој живее во вечна сегашност, станува извонреден млад човек; за Теза, сепак, приказната е намирување на сметките со самиот себе и неговите ограничувања и, конечно, до помирувањето со возвишените ирониии и арбитрарности на животот. Тој се бори со фантомот на срамот, со состојбата на неговиот син која како да е негативен показател на неговата вредност, и копнее по “нормален “ свет кој секогаш му е надвор од дофат.


Читајќи ја оваа привлечна книга е како да се сопнуваш од некоја дупка и влегуваш во умот на писателот, каде што ништо не е цензурирано, и сè постојано се испитува и реинтерпретира. Резултатот е – тешко стекната филозофија на секојдневниот живот.


Извонредно е да сретнеш човечка драма како раѓање на дете со посебни потреби, а да е истражувано темелно од таткото кој случајно е талентиран писател. Вечниот Син е искрена и остроумна приказна од еден од најистакнатите современи писатели од Бразил.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber