Славниот пејач Гаспаро, кој уште како дете е кастриран за да може да изведува виртуозни перформанси во женски улоги, реагира ладнокрвно на страственото внимание што го добива од Неаполската аристрократка Карлота, поради почитта кон неговата уметност. Карлота ја прифаќа разликата, и физичката страна на нивната љубов е целосно во служба на нејзиното задоволство. Во новелите и расказите на Маргрит де Мор, љубовните врски се најчесто извор на конфликти, каде посветеноста наметнува ограничувања на личната слобода. Во Виртуоз (1993 г.), сместена во Италија во турбулентната средина на осумнаесеттиот век, љубовта е еден несиметричен бизнис.
И двајцата, Карлота и Гаспаро, симболизираат константни аспекти од нивното време. Не сакајќи да ја прифати улогата доделена од страна црквата и традициите, Карлота разумно ги комбинира извесностите на бракот со задоволствата кои ги нуди краткорочната страст.
На де Мор, којашто студирала историја на уметност и е обучена за класична пејачка, може да се потпрeме во доловувањето карактерот на една ера. Со вешта елеганција, таа ни раскажува една бајка што за многу малку ќе завршела како трагедија, а нејзиниот јазик и структура се прилагодени на дворската уметност од периодот кој го опишува.