ВРЕМЕНСКА МАШИНА

Поднаслов: ВРЕМЕТО Е САМО ДРУГА ФОРМА НА ПРОСТОРОТ

150 ден

Автор: Х.Џ. ВЕЛС
Издавач: Херои
Димензии: 64 стр. 13х20 cm
Тежина: 100 гр.
ОПИС

Романот започнува со сцена во која Патникот низ времето, ги објаснува своите планови да патува низ времето, пред група свои пријатели… Следната сцена е вечерна забава една недела подоцна во која учествуваат нараторот и неколку од претходните гости кај Патникот низ времето. Временскиот патник влегува во собата во ужасна форма. Па откако се одмора и јаде, тој започнува да им раскажува за своето патување низ времето… Така, започнува зачудувачката приказна од прва рака на Патникот низ времето, за неговото патување 800.000 години по неговата ера. Со шпекулативен скок што сè уште ја разгорува имагинацијата, Велс го испраќа својот храбар истражувач да се соочи со иднина оптоварена од нашите најголеми надежи… и нашите најтемни стравови. Повлекувањето на лостот на временската машина го придвижува Птникот кон возраст на Земјата во која таа полека умира. Таму открива две бизарни раси – етерични Елои и подземни Морлоци – кои не само што ја симболизираат дуалноста на човековата природа, туку нудат и застрашувачки портрет на утрешните луѓе. Временската машина е прекрасна книга полна со фантастични доживувања која ја читаат и ценат и љубителите на научна фантастика и оние на фантастиката.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber