Golemite-iscekuvanja_Carls-Dikens

Големите исчекувања

Чарлс Дикенс (1812 -1870) се смета за најуспешен и најпознат англиски романописец. Пишува живо, интересно и духовито, во своите дела комбинирајќи го реализмот со бајковидните елементи, фактите и конкретните детали со фантазијата, фарсичноста и мелодрамата, секојдневното со необичното и чудното.

Големите исчекувања (1861) се смета за еден од најдобрите романи на Дикенс. Романот е извонредно згуснат и суптилен во својата драматична психологија, ликовите се оригинални, необични, неповторливи, а приказната е интересна, со заплет што е полн со изненадувања и го задржува вниманието на читателот сè до крајот.

Критиката го третира романот како bildungsroman, односно роман за психолошкото и моралното созревање на протагонистот, следејќи го развитокот на неговиот карактер од детството до зрелите години.

Романот ги истражува големите егзистенцијални теми: љубовта и одбивањето, богатството и сиромаштијата, борбата меѓу доброто и злото и конечната победа на доброто. Ремек-дело на литературата од XIX век, Големите исчекувања досега бил предлошка за голем број филмски адаптации.

500 ден

Автор: Чарлс Дикенс
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 520 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber