Клои е речиси најосаменото девојче на светот. Но тогаш, таа се запознава со господинот Смрдливко, локалниот скитник. Да, тој малку смрди – но тој е единствениот човек што некогаш бил добар кон неа. Така, кога на господинот Смрдливко ќе му биде потребно место за престој, Клои се решава да го скрие во шупата во градината!
Но, Клои наскоро ќе дознае дека некои тајни водат кон катастрофа. А кога зборуваме за тајни во врска со господинот Смрдливко, нив ги има многу повеќе отколку што открива носот…
ВОЛШЕБНО СМЕШНА, ОРИГИНАЛНА ПРИКАЗНА КОЈАШТО ТЕРА НА РАЗМИСЛУВАЊЕ АМАНДА КРЕГ, ОД ДЕТСКИ КНИГИ НА ГОДИНАТА
ВРВНО. И ИЛУСТРАЦИИТЕ СЕ ЗАКОН!
ХИТ