ГОСПОЃА АТАТУРК

Поднаслов: Првата дама на модерна Турција

599 ден

Автор: Ипек Чалишлар
Издавач: Икона
Димензии: 520стр, 13х20 cm
Тежина: 500 гр.
ОПИС

Мустафа Кемал Ататурк е еден од најхаризматичните политички лидери во XX век, но многу малку се знае во врска со неговата една и единствена жена, Латифе Ханим.


Во оваа, прва напишана биографија на Латифе Ханим, Ипек Чалишлар го раскажува животот на една исклучителна и храбра жена, којашто беше многу пред своето време, и којашто живееше во многу важен период од турската историја.


Интелектуалец и полиглот, образувана на Сорбона, нејзината венчавка со Ататурк во 1923 година ја постави настрана од нејзините современици и ја подигна на врвот на политичката моќ. Таа одигра клучна улога во создавањето на модерна и секуларна Турција и неуморно водеше кампања за правото на жените да гласаат. Во текот на нивниот брак, Латифе стоеше покрај својот сопруг и дејствуваше како преведувач, промотор и дипломатски советник. Таа дури на двапати и го ризикуваше сопствениот живот, за да го спаси неговиот. Како и да е, после само две години брак, Ататурк се разведе од Латифе и таа набрзо исчезна од јавниот живот. Таа беше избегнувана и обвинувана за неуспехот на бракот и опишувана како жена со остар јазик и кавгаџика, којашто ги напрегала нервите на Ататурк. Латифе го помина остатокот од својот живот во повлеченост.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber