ГРАДИНА НА ЉУБОВТА

345 ден

Автор: Саша Обрадовиќ
Издавач: Икона
Димензии: 244стр. 13х19 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Романот Градина на љубовта, се заснова на два плана и на две временски раздобја, со што авторот себеси си отвора можност за тематска разновидност, за искажување на ерудитизам во рекреирањето на епохата, какво што му е потребно на еден историски роман, но и за напоредно поставување, согледување и за анализа на некои психолошки односи кои очигледно истрајуваат низ времето и го карактеризираат човечкиот род секогаш и секаде. Овој извонреден, топло ироничен и забавен роман претставува своевидно раскажување според слики, диригирано конструирање на книжевен, наративен свет според насоките коишто доаѓаат од една друга уметност, а тој тек на раскажување според слики истовремено претставува и приказна во приказна, текст којшто не само што сам по себе е предмет на раскажување, туку и неговото настанување е предмет на раскажувањето во романот, а завршетокот му останува отворен и изложен на разни можности, оставен на волјата на читателoвата имагинација, склоности и чувства

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber