Сабота, 31 јануари 1953 година. Лиди патува од Амстердам кон Зиеркзеи со спокојно сознание дека Арманда ќе го чува нејзино- то двегодишно дете и ќе ја помине вечерта со нејзиниот сопруг. Таа завршува во бурата која ја збриша од мапата jугозападна Хо- ландија. Во заговор на невидено зло од метеоролошки услови, дваесет и тригодишната Лиди, останува во живот само уште еден викенд, кој е забрзан, со сета сила, меѓу луѓето со кои до крај на нејзиниот живот станува повеќе поврзана отколку со нејзините најблиски дома. Арманда, во меѓувреме ги живее нејзините де- нови до нејзината старост. Судбината коja е манипулирана од неа самата, ја учи на неизживеаниот живот на нејзината сестра.
Давеник со големо внимание ми раскажува за точните, но и судбоносни факти за една од најголемите природни катастрофи што некогаш ја погодиле Холандија. Романот е истовремено и темна и спокојна игра на две хроники од животот, кои целосно го игнорираат просторот и времето што до последната секунда се трагично поврзани.
Маргрит де Мор дебитираше во 1988 година со расказот Гле- дајќи наназад. А потоа, меѓу другото следат и многу успешните романи Прво сиво, па бело, па сино (крунисани со АКО награда за литература во 1992), Виртуоз и Кројцеровата соната. Нејзи- ните дела се преведени на дваесет и четири јазици.
„Дејствието, како и целиот овој импресивен роман, е составе- но од болна убавина“.
– Арјан Петерс, од весникот Фолкскрант.