ДУПКА - ОДИ ВО ПЕКОЛОТ

Поднаслов: Драми

КОЈ ГО ФРЛИ ФЕХМИ ВО ДУПКАТА?

Во средината на сцената дупка со околу два и пол метри длабочина. Јамата со преземен пресек се гледа со длабочината. Во левата страна на јамата има насобрано земја и две вметнати лопати. Фехми, заглавен до колена во земјата на јамата, се бори. Додека се труди да се спаси, се слушаат звуци од фонот.

ГЛАСОТ НА ФЕХМИ: Устата ми се наполни. Се уморив. Јамата навистина е длабока. И темна, и устата ми ја наполни. Не можам да го вратам зборот, ако се сетам ќе се вратам. (Во сцената влегуваат Жената Луда Ли е Манијак Ли е Што е и Мажот Луд ли е Манијак ли е што е, следејќи го звукот.) Јама која не е платена во готово; неспокојна, без додатоци…

(Во јамата Фехми го пронаоѓаат Жената Луда Ли е МанијакЛиеШтоеиМажотЛудлиеМанијаклие што е; од радост се гушнуваат меѓу себе. Жената ЛМШ и Мажот ЛМШ со восхит главите ги навалуваат спрема јамата и го гледаат Фехми. Кога и Фехми ги забележува нив сите тројца се гледаат со восхит, така стаписани во погледот.)

ФЕХМИ (тишината ја разби): Здраво.
ЖЕНАТА ЛУДА ЛИ Е МАНИЈАК ЛИ Е ШТО Е (од радост извика): Не ми се верува!
МАЖОТ ЛУД ЛИ Е МАНИЈАК ЛИ Е ШТО Е: Прекрасно е. Одлично!

(Повторно така смрзнати гледаат еден во друг. Фехми малку треперејќи се созема.)

ФЕХМИ (ја испружи раката): Чичко! Дај помогни ми. Заглавив во јамава. Те молам, жити сè, извлечиме од тука, стори добрина, извлечи ме… Влечи, влечи…

МАЖОТ ЛМШ (во никој случај на ја испружи раката., со внимание): Како се случи ова? Како заглави вака? ФЕХМИ: Сигурно сум паднал… Го изгубив ли помнењето? Ништо не се сеќавам. Кога видов тука сум. (повторно ја пружа раката) Бато, дај помогни ми, извлечи ме од тука!
ЖЕНАТА ЛМШ: Внимавај има дупка.
ФЕХМИ: Блазе си ви, колку сте внимателна дадо, машала.
ЖЕНАТА ЛМШ: Ти си многу сладок. Душо.
МАЖОТ ЛМШ: Како ја ископа оваа дупка? Колку метри е?
ФЕХМИ: Не ја ископав јас, ви кажав. Ви кажав ли? Не знам.
ЖЕНАТА ЛМШ: Со земја ли си играш ти? Немирко. ФЕХМИ: Каква игра? Каква земја? Јас ли сум немирен? МАЖОТ ЛМШ: Така на високо не зборувај Фехми. Не ти доликува воопшто.
ФЕХМИ: Аааа! Една минута….од кај го знаете моето име вие? Што се случува?
МАЖОТ ЛМШ: Не плачи синко. Човек зарем плаче од едно паѓање во јама?
ФЕХМИ: Од каде се познаваме ние?
ЖЕНАТА ЛМШ: Душо, не трчај ќе паднеш.
ФЕХМИ: Каде да не трчам?
ЖЕНАТА ЛМШ (покажувајќи го хоризонтот лево од сцената): На оваа страна…не трчај.
ЖЕНАТА ЛМШ: Не плачи Фехми. Види колку е убаво.

ФЕХМИ: Што е убаво?

МАЖОТ ЛМШ: Што?
ЖЕНАТА ЛМШ (на Фехми): Душо.
ФЕХМИ: До колена сум заглавен во јамата. Да можев сам ќе излезев. Дај помогнете ми! И…вие од кај моето име…
ЖЕНАТА ЛМШ: Денес е посебен ден Фехми. Многу важен ден.
ЖЕНАТА ЛМШ: Сите овие се за тебе.
ФЕХМИ: Кои сите? Една јама. Ова ли е посебен ден? Вопосебни денови се приготвува коктел.
ЖЕНАТА ЛМШ: Но јас денес тебе ти подготвив колач. ФЕХМИ: Каде?
ЖЕНАТА ЛМШ: Го изедов.
ФЕХМИ: Кој ме фрли мене тука?
МАЖОТ ЛМШ: Тебе умот малку ти е разбркан. ФЕХМИ: Вие ли ме фрливте?
МАЖОТ ЛМШ: Што?
ФЕХМИ: Мене… извадете ме оттука.
ЖЕНАТА ЛМШ: Не може. Тебе јас те најдов, мој си. МАЖОТ ЛМШ: Така не му вели мила… ќе се вообрази. ФЕХМИ: Тебе што те засега? Можеби помеѓу нас има посебна врска? Можеби ние се договоривме; тука да се најдеме. Батко, дај малку отстрани се од тука. Ние ќе зборуваме нешто приватно. (МАЖОТ ЛМШ не се оддалечува. На ЖЕНАТА ЛМШ): Што велиш убави- це моја? Можам ли јас да излезам од оваа јама? Има ли надеж?

ЖЕНАТА ЛМШ (со рапав глас): Денес ти е роденден Фехми.

ФЕХМИ: Каков роден ден ма? Пред сè, кој ден е мој роденден? Ниту јас самиот не се сеќавам. Вие ли ме фрливте во јамава?

МАЖОТ ЛМШ: Секако, ние многу сакавме. Но судбина…така испадна. (заканувачки) Убаво испадна. Из- ненадување.

ФЕХМИ: Ова е некоја стапица?
ЖЕНАТА ЛМШ (психопатски): Да, едно чудо. ФЕХМИ: Кога ќе ме пуштите мене?
МАЖОТ ЛМШ: Од каде тоа?
ЖЕНАТА ЛМШ: Фехми! Не трчај ќе паднеш! Ако пад-

неш ќе се повредиш, не се повредувај ќе се навикнеш.
ФЕХМИ: Во ред. Не трчам. Ми здосади. Веќе можете да ме извлечете од јамата. Ќе помогне ако ве молам? МАЖОТ ЛМШ: Дали ќе помогне? Денес е твојот роденден.
ЖЕНАТА ЛМШ: Добро што постоиш..Душо.
ФЕХМИ: Да… Во чест на мојот роден ден.
МАЖОТ ЛМШ: Да живееш Фехми! Јамата е твоја. Уживај.
ФЕХМИ: Дојди и ти долу. И тебе да ти овозможам. МАЖОТ ЛМШ: Можно ли е? Јамата е твоја.
ФЕХМИ: Помош! Помогнете ми! Нема ли некој? Заглавив во јамата! Тука има еден маж и една жена. ЖЕНАТА ЛМШ: Помогнете! Помош! Детето е немирно!
МАЖОТ ЛМШ: Смирете се.
ФЕХМИ: Умоболни! Вие ме фрливте тука мене. Во оваа јама.
ЖЕНАТА ЛМШ: Не ти се допадна ли?
ФЕХМИ: Секако дека не ми се допадна манијаку! Пред сè, оваа јама е многу тесно ископана. Потоа нема ехо, мојот глас, викам, но не одекнува. Во устата и носот ми се нафрлува земја. Како сето ова да не е доволно паднав и во рацете на двајца психопати. Сакам да кажам воопшто не е пријатно.

ЖЕНАТА ЛМШ: Фехми! (Фехми не слуша) Фехми! (Фехми повторно не се интересира) Фехми, душо не трчај ќе паднеш.
ФЕХМИ: Трчам… што друго да правам? Нашата единствена забава е ова.
МАЖОТ ЛМШ: Ти немирко.
ФЕХМИ: Бато, пуштете ме да си одам. Никому ништо нема да му кажам. И онака ништо не помнам… Пуштете ме.
ЖЕНАТА ЛМШ: Освен во јамата, никаде не можеш да одиш ти!
ФЕХМИ: Пуштете ме мене!
ЖЕНАТА ЛМШ: Ова е планинско место Фехми. Тивко, лошо. Тука се симнуваат волците од приказните. Дефинитивно не можеш да излезеш од јамата. ФЕХМИ: Да пробаме.
ЖЕНАТА ЛМШ: Инаку ќе те киднапираат, ќе ти го украдат бубрегот, ќе го продадат, страшно многу ќе заработат пари.
ФЕХМИ: И ќе ме закопаат во јамата?
ЖЕНАТА ЛМШ: Не можеш од тука до тука да одиш. Јас ќе те сокријам во оваа јама.

(ЖЕНАТА ЛМШ со возбуда се упатува кон лопати- те, зема една. Фехми се обидува да сфати што се случува).

МАЖОТ ЛМШ Душо, те молам…

(МАЖОТ ЛМШ ја зема другата лопата. Двајцата заедно со лопатите почнуваат да фрлаат земја врз Фехми.)

249 ден

Автор: Али Мустафа Кемал Тут
Издавач: Икона
Димензии: 88стр. 13х20 cm
Тежина: 100 гр.
ОПИС

Дупка, ја раскажува приказната на еден сирот херој – човек жртва, којшто се труди безнадежно во страшна јама. Дупка, пример на фантастичен и забавен црн хумор

Оди во пеколот, пародија на рајот презентирана врз состојбите на средната класа со сиот колективен ужас, потрошувачки навики, вредносен суд, мултинационални компании, власти.

„Светот кој го создава Али Мустафа, неговиот поглед кон светот, дозата на хумор, која умешно ја користи во речениците, ме фасцинира.
Најбитно од сè на ова парче земја, која не се грижи да создава драматурзи, е борбата за опстанок и можноста да се избори, затоа велејќи: „Јас сум тука„, исфрлувајќи ја земјата од плеќите…„
Џиван Џанова

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber