Еднонасочна улица / Детството во Берлин

„Валтер Бенјамин е своевиден архетип за европскиот интелектуалец од првата половина на XX век. Иако неговото дело се потпира на непретенциозност, фрагментарност и жанровска хибридност, за Бенјамин слободно може да се каже дека е еден од авторите што имаат оставено длабока и неизбежна трага во современата филозофија и литературата.“
Ди Цајт

„Двете експериментални дела на Бенјамин претставуваат сериозен предизвик за секој читател: иако кратки, опфаќаат широк ранг жанрови – од афоризми до политичка сатира, од носталгичен мемоар до автобиографска метафикција, од филозофска рефлексија до мајсторски напишан краток расказ.“
Тајмс

„Вештината на Бенјамин како писател е особено забележлива во Еднонасочна улица и Детството во Берлин, каде што авторот ја користи својата стандардна изразна форма – филозофскиот есеј – но значително ја скратува и ја зачинува со лиричност, автобиографија, хумор, мемоарска проза, создавајќи еден прекрасен меланж каков што во книжевноста се среќава исклучително ретко.“
Сузан Сонтаг во предговорот кон англиското издание на Еднонасочна улица

300 ден

Автор: Валтер Бенјамин
Издавач: Бегемот
Димензии: 293 стр. 11 х 18 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber