ЕФЕКТИВЕН ДИРЕКТОР

699 ден

Автор: Питер Дракер
Издавач: Икона
Димензии: 272 стр. 13х20 cm
Тежина: 350 гр.
ОПИС

Делотворните организации се реткост. Тие се поретки дури и од делотворните луѓе. Ваму или таму постојат светли примери, но во целина делувањето на организациите сè уште е примитивно. Организациите, како и луѓето на одговорните позиции, мораат систематски да работат на делотворноста и да стекнат навика за ефективност. Мораат да научат да ги хранат своите можности и да ги изгладнуваат своите проблеми. Мораат да работат на тоа, силата да им стане продуктивна. Мораат да се концентрираат и да поставуваат приоритети, наместо да се обидуваат да работат од сè по малку.

Делотворноста мора да се научи.

Питер Дракер, таткото на современиот менаџмент и еден од најоригиналните мислители на XX век, во текот на својата седумдесетгодишна професионална кариера вешто ги идентификуваше деловните трендови и ги забележуваше своите визионерски забелешки. Паралелно работејќи на Клермонтовата висока школа за постдипломски студии (Калифорнија), стекна репутација на најдобро платен консултатнт на најугледните имиња на светскиот бизнис. За тоа зборува огромната заоставштина од 30 книги од областите: менаџмент, економија, социологија и политички науки.

Роден е во Виена во 1909 година. Се образувал во Австрија и во Англија. Одбранил докторат во Германија, од областа на јавното и меѓународното право на универзитетот во Франкфурт. Од 1937 живеел и работел во САД.
Умре во ноември 2005 г. непосредно пред својот 96 роденден.

Препознатлив во бизнис круговите како глас кој треба да се следи.

Harvard Business Review

Тешко е да се процени големината на неговото влијание врз менаџерската мисла.

Financial Times

Творец на науката за менаџментот и водечки филозоф на бизнисот.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber