ЖЕДНАТА РЕКА

Реката Жедна е, веројатно, прва новела за американската војна во Ирак напишана од Ирачанец. Во неа, судбината на едно семејство е интимно поврзана со подемот и падот на Садам Хусеин. Приказната следи четири генерации на семејство Бирд, кои живеат на брегот на реката Жедна, во јужниот дел на Ирак. Раѓањето на секое дете во ова семејство се совпаѓа со промената на режимот во Багдад. Сѐ до денот кога претставниците на Садам Хусеин им го одземаат земјиштето каде што паселе нивните овци. Нивните протести предизвикуваат сите возрасни мажи во семејство да исчезнат, па матријархот на семејство, Симахен, ги поминува своите денови пред канцелариите на Партијата во надеж дека ќе си ги најде сопругот и синовите. И внуците ѝ се вовлечени во опасност со настани што се страшни исто колку што се смешни: Јоеср е вработен да слика мурали од Садам, работа која поради само една грешка со четката може да го чини смрт; тој, неговите уметнички таленти ги насочува кон правење бомби после падот на Садам; во меѓувреме, младиот Џазил се води за исчезнат сѐ додека не е препознат од страна на неговото семејство на една од злогласните слики на Абу Гхраиб…

299 ден

Автор: Родан Ал Галиди
Издавач: Икона
Димензии: 202стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber