ЖЕНА ВРЕНА ЗЛАТО

399 ден

Категорија ,
Автор: Сашо Тасевски
Издавач: Икона
Димензии: 212стр. 13х20 cm
Тежина: 250 гр.
ОПИС

Виенски бал во Скопје.
Како да ставиш тартуфи во манџа со компири.
Фрчат селфија од балот.
Благородништвото од Конопиште и Дељадровце сака да се покаже. Грофици и лордови во полн сјај, иако малку подзаборавиле на првиот секс што го имале во шталата на дедо им, додека на метар
од нив испарувала свежата лепешка на кравата Тромавка.
На враќање од балот пак ќе се измочаат во лифтот.
Не можат да додржат толку шприцер со француско вино од половината на минатиот век. Сабајлето, мамурни ќе го остават ѓубрето две недели да ферментира пред врата или со него ќе го гаѓаат контејнерот од балкон. Некои работи не се учат преку ноќ. На пример да научиш да играш валцер на Штраус. Џабе плаќаат кореограф да ги учи за двеста евра од час, кога на балот пак се подгазуваат и се смеат ко шлакнати. Нема таков бал кој може да ја скрие нашата малограѓанштина
и простотилакот. Виенски бал со паланечки концепт
„где си била кад сам био нико“ не е ниту бал ниту виенски.

Селски е. Ве прави уште поголеми сељаци.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber