Заробениот ум

Книгата „Заробениот ум“ е збирка од девет есеи пишувани во 1951 г., а објавени во 1953 г. од Литературниот институт во Париз. Првото издание во Полска било објавено во 1978 г., во тајност од цензурата, а официјалното – дури во 1989 г. Делото, во кафкијанско-орвеловски стил, преку параболи и алегории, го анализира процесот на развивањето интелектуална зависност кај источноевропската интелигенција во однос на политичките и економските принципи на сталинистичката доктрина. Карл Јасперс го опишал „Заробениот ум“ како фантастична студија за „разбивањето на човекот на две личности“ под влијание на огромниот идеолошки притисок. „Мојата книга, во одредена смисла, беше обид за борба против својот сопствен фатализам и песимизам.“ – Чеслав Милош

600 ден

Автор: Чеслав Милош
Издавач: Бегемот
Димензии: 348 стр. 12 х 19 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber