fbpx
Книготека Икона
Избери Категорија
  • Избери Категорија
  • 6-12 years
  • Contemporary & Classics
  • Psychology, philosophy & theology
  • Short Story
  • Thriller
  • Poetry
  • Romance
  • Non-fiction
  • Uncategorized
  • Fantasy
  • ЛЕТО 2022
  • Teen
  • Книги
    • Француски
    • Германски
    • Италијански
    • Шпански
    • Македонски
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
      • Белетристика
        • Поезија
        • Раскази
        • Класици
        • Хумор
        • Трилер
        • Современи
        • Романтика
        • Фантастика
        • Драми
      • Детски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
        • Илустрирани книги на англиски
      • Публицистика
        • Психологија и Филозофија
        • Есеи
        • Личен развој
        • Биографии
        • Теологија
        • Економија
        • Креативни
        • Уметност
        • Медицина
    • Англиски
  • ГИФТ ПРОГРАМА
    • T-shirts
  • Подароци
    • Свеќи
    • Несесери
    • Нотеси
    • Брошеви
    • Постери
    • Папки
    • Торби
    • Паричник
    • Привезоци
    • Порцеланска Шолја
    • Џебни огледала
    • Ранци
    • Обележувач за страни
    • Ретро постери
    •  Подметачи за чаши
  • Economy
  • ИГРАЧКИ
    • Друштвени игри
    • Бебешки играчки
    • Сложувалки
    • Фигури
      • Shrek
      • Life like reptiles
      • Spiderman
      • Sponge Bob
      • Ninja Turtles
      • The Color Monster
      • Пчеличката Маја
      • Water Growing Egg
      • Диносауруси
      • Миниони
      • Штрумфови
      • Gorjuss
      • Kung Fu Panda
      • Bob The Builder
      • Pocoyo
      • Peppa Pig
      • Shimmer & Shine
    • Едукативни и Креативни Сетови
  • ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
  • Self-help
  • Акции
    • Пакет понуди
    • Саеми
  • Biography
  • Ново
  • Science of medicine
  • МИСТЕРИЈА
  • Drama
  • 6-12 г. англиски
  • 0-5 years
  • Humour
Login / Register
0 items 0 ден
Мени
Книготека Икона Книготека Икона
0 items 0 ден
  • Книги
    • Македонски
      • Белетристика
        • Трилер
        • Романтика
        • Фантастика
        • Раскази
        • Класици
        • Современи
        • Поезија
        • Драми
        • Хумор
      • Публицистика
        • Психологија и Филозофија
        • Теологија
        • Личен развој
        • Уметност
        • Економија
        • Биографии
        • Есеи
        • Креативни
        • Медицина
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
      • Детски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
        • 6-12 г. англиски
        • Илустрирани книги на англиски
    • Англиски
      • Non-fiction
        • Psychology, philosophy & theology
        • Self-help
        • Economy
        • Biography
      • Teen
    • Француски
    • Италијански
    • Германски
    • Шпански
  • Играчки
    • Бебешки играчки
    • Друштвени игри
    • Едукативни и Креативни Сетови
    • Сложувалки
    • Фигури
  • Подароци
    • Нотеси
    • Постери
    • Ретро постери
    • Брошеви
    • Обележувач за страни
    • Привезоци
    • Свеќи
    • Несесери
    • Паричник
    •  Подметачи за чаши
    • Порцеланска Шолја
    • Ранци
    • Папки
    • Торби
    • Џебни огледала
  • Акции
    • Пакет понуди
  • Иконопедија
Насловна Продавница Книги Македонски Белетристика ЗАСЛЕПУВАЊЕ – Лево Крило – 2 дел
ДАВЕНИК 559 ден
Назад кон производи
БАЛТИМОР 399 ден

ЗАСЛЕПУВАЊЕ – Лево Крило – 2 дел

Насекаде летаа големи и бучни оси, а снегулките на тополите од зад зградата влегуваа кај нас во кујната и создаваа бели памучни купчиња во аглите. Од тоа време на мајка ми се сеќавам само на овој начин: во тој синкав воздух полн со оси и снегулки од тополи мајка ми малечка и испотена, облечена во нејзиниот вечен фустан од евтин материјал. Низ вратата на балконот влегува болскотот на летото, длабоко и мрзеливо лето, со мирис на печена ќерамида, кој доаѓа од мелницата отспротива, и со облаци скаменети во нивото постојано преобликување, не- веројатно бели наспроти длабочината на небото. Осилото се наоѓаше во замастениот и потемнет одвод за проветрување, и таму инсектите се роеја во жолти далги, мешајќи си ги нозете и антените. Нивното брмчење одвај дека се слушаше од мо-нотоната бучава на електричните сита, која допираше од кај прашливата градба на мелницата. Кога ќе излезев на балко- нот – неговата преграда полна со дрвени саксии со цвеќиња, во тоа време ми стигнуваше до рамениците – ќе се качев на некоја кутија или на мојата санка и долго гледав кон тоа што ми се чинеше дека е најубавиот поглед на светот: огромната, зграда на мелицата „Дамбовица“, извишувајќи се со фронто- ни и кули, кои ги параа облаците, сред пуст двор над кој си ја постилаше сенката како чудовиште. Беше тоа една мелан- холична градба со неодредена старост, со стотици прозорци побелени од наталожена прашина и брашно, со процепи меѓу ќерамидите каде што ‚ртеа треви и цветаа синолички. На црвената фасада како змија се извиваа неколку ‚рѓосани пожарникарски скали, кои ги фрлаа своите сенки во врелиот ветер. Од портата, која за да ја видам морав многу да се навалам над балконската ограда гмечејќи ги со градите „камените“ цвето- ви од дрвените саксии, од портата која се наоѓаше зад зграда- та и која ја користев како табла на која цртав букви и цртежи со креди во боја, па сè до зградата на мелницата требаше да се изодат околу стотина чекори низ жешкиот двор, низ кој ретко минуваше по некој мелничар во бел мантил. Ретко кое од децата од зад зградата можеше да се пофали дека некогаш се искачил на фабричката ограда, која се наоѓаше меѓу зградата и дворот на мелницата, дека се пробил низ бодликавата жица која ја омеѓуваше, дека ја прескокнал оградата и се нашол од другата страна, во таа непозната зона, која нѐ полнеше со страв. Но малкумина му одолееја на ова искушение и сепак тргнуваа кон авантурата на џиновската палата, чувствувајќи како патем со секој изминат чекор во нив расте притисокот и грозата. Малкумина, навистина, малкумина си го голтале стравот, така како што ја голташ водата кога чувствуваш дека се давиш, ги минуваа последните метри до ѕидот потоа се нафрлуваа врз него, го допираа со врвовите од прстите црве- ниот ѕид од ќерамида, вреснуваа, а потоа бегаа назад, колку што ги држат нозете, чувствувајќи како рапавиот ѕид пука и е готов да се сруши над нив. Долго време јас не бев видел ништо поволшебно од мелницата „Дамбовица“, која како да беше дел од архитектурата на моите налудничави отсекогаш исти соништа.

Стутулен во безначајниот лавиринт на нашиот апартман животот ми минуваше во просторот омеѓен од две територии: мојата соба која гледаше кон градот, кој се простира до бескрај под сплесканото небо полно со облаци и меланхоличниот замок на мелницата, опкружен од фабрики и работилници, ‚рѓосани цевководи и оџаци изградени уште на почетокот на векот. Беше тоа индустриската архитектура преполна со ор- наменти, кои беа видливи и од другите соби, а особено од нашиот балкон преполн со ношници. Низ овој сивозеленикав лавиринт, во кој ретко пробиваше светлината, уште повеќе проретчена од провидните стебленца на цвеќињата од прозорците (а кога паѓаше снег, зимите, низ ледените цвеќиња, кои ги параа стаклата на прозорците, оставајќи само во горниот дел еден искривен простор од каде можеше да се види лапавицата) постојано ја барав мама. Не ја барав ниту со очите ниту со тоа трето око кое ми ја исполнуваше главата, туку се упатував кон неа со помош на еден вид хемиска привлечност, чувствувајќи го нејзиниот мирис, наслушнувајќи го по- викот на нејзиното тело, незадржливо привлечен од нејзината коса, очите и рацете, нејзиното наједноставно и најевтино цр- вило за усни, од нејзините фустани и парфем, и колонска вода во шишенца со облик на автомобилче. Иако бев затворен во мојот бетонски кожурец, јас во секој миг можев да погодам каде се наоѓа мама, затоа што иако папочната врвца која некогаш нѐ спојуваше сега ја немаше, сепак на нејзиното место се наоѓаше еден друг вид на врвца ликум колан, кој се наоѓаше меѓу нашите веѓи, растеглив како ластик и исто толку наборен, со помош на кој колку повеќе се оддалечував од местото каде што се наоѓаше мама, и со тоа растеа мојот страв и мојата љубов кон неа, толку повеќе ме влечеше постојано назад, кон месото кое беше мама, за да го идентификувам со огромна возбуда предметот кој беше мама, за да се качам во поли- те на живата статуа која беше мама, да си ги доближам очите до нејзините очи, да си ги чукнеме главите токму кај веѓите за тој колан од болскав немир да исчезне и ние да останеме така, чело на чело, со затворени очни капаци, со вклештени раце, со таа насмевка од застрашувачка радост на нашите усни. Но не ја поседував светата девственост со која седам во нејзините поли и не можев да благословувам со двата прста. Се бесев на фалтите од нејзиниот плашт, се разложував во нејзината горделивост, го вртев мојот тесен грб кон светот. Во тие мигови на заемност втренчено ја гледав в лице, и таа го носеше моето лице, зголемена, мургава, со подочници како нацртани, со четка, со длабоки дупки под образите, со голема меланхолична омега меѓу веѓите. Секој миг од мојот живот бев свртен со лицето кон неа, како кон месечина, и мама, всушност, беше стожерот на моето битие, семето од сложеното овошје на нашите односи. Неа ја покривав со провидното месо на рацете, градите, бедрата и моите образи. Бев роден од неа, но таа сега беше во мене, од нејзината внатрешност се прелеав над неа. Мама беше ембрионот од утробата со папок на мојот ум, кон неа гледав од сите страни наеднаш, со лицето постојано свртено кон неа, постојано фасциниран од неа, постојано изгубен од љубов и милост кон неа. Постојано бев труден со соп- ствената мајка, а таа, сонлива, ќе потскокнеше понекогаш во стомачната течност на мојот сон. Беше голема како споменик, чија основа заземаше една третина од планетата, споменик изгубен во облаците и облагороден од синото небо.

Многупати во долгите летни попладниња, во времето кога малите деца спијат и кога зад зградата се гледаше само до половина распакуваниот мебел и неколкумина амали како јадат домати и сирење врз нова кујнска маса наместена под сенка, ќе отидев во кујната, ќе седнев на поцрнетото од чад столче и ќе зборував со мама, додека таа ги приготвуваше неј- зините познати јадења, запршка или пржеше компирчиња во изгорената тава, која беше толку црна што виљушката со која мешаше сјаеше како платина. Понекогаш ќе се зазбореше и ќе ја заборавеше тавата со вжештеното маслото на шпорет, па загработ исечкани и водени компири кои ќе ги фрлеше во тавата, ќе прснеше на сите страни и тавата ќе пламнеше, но таа не ја губеше присебноста и туку ќе ја зграпчеше тавата и таква во пламен бргу ќе ја изнесеше на балконот, каде што огнот бргу се гасеше поради ветерот кој дуваше. Потоа двајцата седевме молкум, опкружени со еден густ синкав чад во кој одвај дека се забележувавме, јас згрутчен на столче со рацете на уши, таа со испотена коса со тенки, мрсни прамени. Мама беше вратата на мојот премин. Во тоа време реалноста ми беше непробојна како шарен ѕид: предметите, луѓето, куќите, дворовите, врбите, познатите улици, сонувани или навистина доживеани, на ѕидот кој ме опкружуваше беа нацртани во две димензии. И мајка ми вградена во ѕидот, со нејзината измачена насмевка и костенливите очи на селанка, беше мека и порозна, небаре ѕидот токму на тоа место се распаѓа и лушпите од вар се заменети со нејзината тенка кожа, скоро проѕирна. Мојот дух можеше да излезе само преку мајка ми, ликум на духот кој во мигот на смртта ни излегува низ тоа место на темето на главата каде се вкрстуваат четирите коски, кои по- стојано остануваат меки. Мама беше провидна како грч, низ кој во мене пробиваше утринската светлина.

SKU: 9786082213910 Категории Белетристика, Книги, Македонски, Современи Ознака: Белетристика
Share:
  • ОПИС
ОПИС

Картареску се враќа во времето кое, всушност, никогаш не постоело, во измислено време кога сите жанрови биле еден жанр и сите дискурси еден дискурс, пред сè да се скрши на парчиња.


Пред сè, Заслепување инсистира на тоа дека меморијата може да го создаде светот… Од тоа минато – кое се протега назад низ целата човечка историја – Картареску обликува роман со визионерски интензитет.

Ви Препорачуваме

ВРАТИТЕ НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА / РАЈ И ПЕКОЛ

449 ден
Во Кошничка

ШПИОН ВО КУЌАТА НА ЉУБОВТА

399 ден
Во Кошничка

ВО ЧЕСТ НА КАТАЛОНИЈА

549 ден
Во Кошничка

ЉУБОВ И БАКНЕЖИ

459 ден
Во Кошничка
Книготека ИКОНА |
  • Книги
    • Македонски
      • Белетристика
        • Трилер
        • Романтика
        • Фантастика
        • Раскази
        • Класици
        • Современи
        • Поезија
        • Драми
        • Хумор
      • Публицистика
        • Психологија и Филозофија
        • Теологија
        • Личен развој
        • Уметност
        • Економија
        • Биографии
        • Есеи
        • Креативни
        • Медицина
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
      • Детски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
        • 6-12 г. англиски
        • Илустрирани книги на англиски
    • Англиски
      • Non-fiction
        • Psychology, philosophy & theology
        • Self-help
        • Economy
        • Biography
      • Teen
    • Француски
    • Италијански
    • Германски
    • Шпански
  • Играчки
    • Бебешки играчки
    • Друштвени игри
    • Едукативни и Креативни Сетови
    • Сложувалки
    • Фигури
  • Подароци
    • Нотеси
    • Постери
    • Ретро постери
    • Брошеви
    • Обележувач за страни
    • Привезоци
    • Свеќи
    • Несесери
    • Паричник
    •  Подметачи за чаши
    • Порцеланска Шолја
    • Ранци
    • Папки
    • Торби
    • Џебни огледала
  • Акции
    • Пакет понуди
  • Иконопедија
  • Login / Register
Кошничка
Затвори
Најава
Затвори

Заборавена лозинка

Немате профил?

Контактирајте не!
Facebook Instagram
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил