Историја на вечноста

„За нас проблем е времето, трепетлив проблем, можеби највиталниот од метафизиката; вечноста – игра или тегобна надеж.“ Овој цитат од славниот есеј на Борхес – Историја на вечноста (1935 г.), ја навестува темата на двете други скици – Доктрината за циклусите (1934 г.) и Кружното време (1943 г.) – во кои авторот аргументира дека идеите за вечното враќање и за кружното време, во суштина, имаат димензија на фантастични инвенции. Збирката, исто така, содржи и три книжевни есеи: фасцинантната студија за метафората (Кенингар, 1933; Метафората, 1952), како и феноменалната историја на преводите на Илјада и една ноќ (Преведувачите на Илјада и една ноќ, 1935 г.). Збирката ја комплетираат расказите кои имаат намера да бидат еден вид рецензии (Приближувањето до Ал-Мутасин, 1935) и духовитата расправа за стратегиите на навредувањето (Уметност за навредување, 1933).

300 ден

Автор: Хорхе Луис Борхес
Издавач: Бегемот
Димензии: 149 стр. 11 х 18 cm
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил