pushkin-kapetanovata-kerka

Капетановата ќерка

Капетановата ќерка се смета за најдобро прозно дело на Пушкин. Станува збор за историски роман, во кој седумнаесетгодишниот офицер Петар Грињов е пратен во малата тврдина Белогорск за време на востанието на Пугачов, каде што се вљубува во Марија, ќерката на командантот на тврдината.

Оваа книга е одраз на фасцинацијата на авторот од руската историја во XVIII век. Но кај Пушкин, за сметка на сликањето на историскиот амбиент, тежиштето се префрлува врз човечките карактери и нивните заемни односи.

Пушкин не е толку заинтересиран за истакнување на деталите од времето, историјата не ја предава преку историските настани, туку преку сликање на историските карактери.

Дејството произлегува од судирот на ликовите, од разоткривањето на нивните специфики и внатрешни драми. Историската тема е присутна, но Пушкин ја користи за да побара одговори за случувањата на своето време.

Делото е лаконско, кратко, многу ефектно, па поради тоа се вбројува меѓу најчитаните книги на Пушкин.

210 ден

Автор: Александар С. Пушкин
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 115 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?