КЛЕТВИТЕ НА ГОТВАЧОТ И ДРУГИ ГАДОСТИ

299 ден

Категорија ,
Автор: Срѓан Б. Тешин
Издавач: Икона
Димензии: 144 стр. 13х20 cm
Тежина: 150 гр.
ОПИС

Постмодерен во својата брзина, во референците и во концепцијата, длабоко локален во минуциозното познавање на она за што пишува и глобално применлив на било која примитивна средина на овој свет, во којашто, за да се манифестира, на злото му е потребно нешто што на било кој начин е различно. Кога ќе снема нешто такво, тоа се свртува кон најблискиот, за да, кога ќе го уништи и него, на крајот се изеде и себеси. Ние не сме тие коишто ги измислија таквите ужаси, но се покажавме како добри ученици и многу креативни следбеници, било да ги чуваме доказите за сопствените ѕверства во тегла, или на видео запис. Општеството коешто не ги казнува ѕверовите, ќе се претвори во општество со коешто владеат ѕверови.

 

… човекот никогаш не може да направи ништо толку ужасно, не може да направи ништо доволно ужасно, воопшто дури не може утредента ни да се сети на она што денес му се чинело ужасно…

Вилијам Фокнер, Врева и бес

Од луѓето не можеш да очекуваш да бидат исправни; само можат да се обидат да го направат она што се мора. Затоа и прават ужасни, човекојадни нешта. А и добри работи, исто така. Но дури и овде ништо што е навистина добро не е сигурно.

Сол Белоу, Жртва

… читате што правеле и се прашувате дали тоа што само што сте го прочитале навистина е возможно. Можат ли така да се однесуваат обичните мажи? Вашите соседи? Роднини? Не, тоа не е возможно.

Славенка Дракулиќ, Тие ни мравка не би згазнале.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber