книга за се

Книга за се’

Извонредна приказна – необична, возбудлива, магична. Едноставниот и моќен стилот со кој е напишана „Книга за сè“ потсетува на Сент-Егзипери: исто како и „Малиот принц”, и ова е приказна за сите генерации.Истовремено весела и тажна, книгата е раскажана преку очите на деветгодишното детенце Томас, кој може да види работи кои никој друг не може да ги види. Тропски рипчиња како пловат по каналите во Амстердам. Жаби во поштенското сандаче. Ангели кои си покриваат очите и гласно плачат кога татко му ја тепа мајка му.Сите овие работи, вклучително и своите најголеми соништа и најстрашни стравови, Томас ги запишува во една тајна тетратка, наречена “Книга за сè”. Во неа ја запишува и својата најголема амбиција: да биде среќен.“Книга за сè” е прекрасна книга за деца и возрасни, која на секој читател ќе му даде инспирација и надеж. Ова навистина е книга за сè што е важно во животот: за храброста, семејството, љубовта и уште многу други работи.Добитник на Златниот ракопис и Златниот був, 2005 и Наградата за литература за деца и млади, доделена од Кралството Холандија во 1979 година.

300 ден

ISBN: 9789989268960 Категорија , Tags ,
Автор: Хус Каијер
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил