ЛЕВИЈАТАН

499 ден

Автор: Пол Остер
Издавач: Икона
Димензии: 296 стр. 13х20 cm
Тежина: 300 гр.
ОПИС

Раководејќи се од случајноста како основен принцип на функционирање на човечките животи, Остер ги турка своите јунаци во бизарна центрифуга од настани: тие се женат и се разведуваат, се заљубуваат и се одљубуваат, се лажат и си веруваат, користат експлозив или машина за пишување, за да ги спроведат во дело своите идеи, и секогаш трагаат по одговорите на прашањата за сопственото битие. Библискиот и хобсовскиот наслов на ова дело, само на најочигледен начин упатува на можноста за алегориско читање, а сите останати нишки на приказната, метафориски и вистински, придонесуваат за она што е најважно – уживањето на читателот.

 

Експлозијата на почетокот од книгава го завршува животот на нејзиниот херој, Бенџамин Сакс, и ги донесува двата ФБИ агенти до домот на Саксовиот најстар пријател, писателот Питер Арон. Следи Ароновата приказна, истрага на друг човечки живот.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber