ЛЕГНАВ ДА УМРАМ

499 ден

Автор: Адалет Агаоглу
Издавач: Икона
Димензии: 488стр. 13х20 cm
Тежина: 500 гр.
ОПИС

Едно априлско утро 1968 година, во 7 часот и 22 минути, Ајсел влегува во собата во еден луксузен хотел со намера да изврши самоубиство. Лежејќи во собата нешто повеќе од еден час, го привикува во сеќавањето својот живот, но и животот на цела една генерација, живот што бил силно обележан со политичките превирања во Турција од 1938 до 1968 година.


Преку дневничките записи на нејзиниот пријател Ајдин, преку писмата коишто ги разменувала со пријателките и низ соништата и сеќавањата, силно и живописно ќе го наслика растењето на првите генерации републички Турци. Тоа е време обележано со смртта на Големиот Татко – Ататурк, со политичките и општествените реформи во Турција и со војната и нацизмот коишто ја опустошија Европа.


Според тоа, ова е и психолошки и политички роман. Преку едната перспектива се нурнуваме во психата и во интимниот свет на една образована и освестена жена, којашто свесно го заведува својот студент Енгин, додека преку другата се нурнуваме во минатото и во драматичните политички случувања. Овие две временски рамки, силно се испреплетуваат во слоевита приказна за животот и смртта, за идеалите и очекувањата, но и за разочарувањата коишто неминовно ги носи освестувањето и искреното нурнување во интимата.


Ова е приказна за жената соочена со ограничувањата и притисоците коишто ги наметнува средината и за нејзината потрага по вистинскиот идентитет, закопан под бремето на општествените барања.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber