ЛЕСТВИЦА

Поднаслов: Рајска Лествица

450 ден

Автор: Св. Јован Лествичник
Издавач: Икона
Димензии: 196 стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

слово прво:

ЗА ОДРЕКУВАЊЕТО ОД СВЕТСКИОТ ЖИВОТ

 

Бог е спасение и живот за сите коишто ги дарувал со слободата: верни и неверни, праведни и неправедни, побожни и безбожни, бестрасни и страсни, монаси и мирјани, паметни и глупави, здрави и болни, млади и стари, како што се за секого без разлика: светлината, сонцето, воздухот. Бог не гледа на лице (Рим. 2, 11; Ефес. 6, 9).

Безбожникот е смртно суштество кое има разум, а своеволно бега од вистинскиот живот и за својот Создател, Кој вечно постои, мисли дека не постои. Престапник е оној којшто законот Божји го толкува според своето злоумие и смета дека верува, и покрај тоа што е обземен од богопротивно мислење. Христијанинот е верна слика на Христа, колку што е можно за човекот, во зборовите, во делата и во мислите, со вистинска и непогрешлива вера во Пресвета Троица. Богољубец е оној што учествува во сè што е природно и безгрешно и не пропушта, според своите можности, да прави добри дела. Воздржливец е оној кој сред искушенија, стапици и метежи со сета сила се присилува да Го подражава Оној што е далеку од сето тоа.

Монахот му припаѓа на ангелскте чинови и (води) ангелски живот, што се остварува во материјалното и валкано тело. Монахот е човек којшто се држи само за Божјите заповеди и зборови, во секое време, на секое место, во секое дело. Монах, тоа е непрестајно принудување на природата и неуморно бдеење над сетилата. Монах, тоа е посветено тело, тоа се очистени усни и просветлен ум. Монахот е преболна душа, постојано обземена со сеќавање на смртта, кога бдее и кога спие. Одвојувањето од светот е доброволна омраза кон она што луѓето во светот го фалат, и одрекување на природата заради достигнување на натприродното.

Сите коишто спремно го отфрлиле она што му припаѓа на овој живот, секако го сториле тоа или заради идното Царство, или заради мноштвото гревови, или пак, од љубов кон Бога. Ако не биле раководени од ниедна од спомнатите причини, нивното напуштање на светот е бесмислено. Но и во тој случај нашиот добар Судија очекува да види каков ќе биде крајот на нивниот живот.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber