Дејството на овој извонреден роман на Давид Албахари се одвива во Белград и говори за комплексното пријателство на двајца писатели, коишто се познаваат уште од студентските денови. Делото на фин „албахариевски“ начин, го преиспитува и го става под лупа тоа пријателство, во кое се содржи, колку поврзаност на двајца мажи во професионалниот и во приватниот живот, толку и константна несигурност, нелагодност и недоверба
„Лудвиг“ е концизен роман, структуриран така што донегде наликува на музичка тема, компактен романескен текст, којшто е најдобро така и да се чита: наеднаш, онака како што би ислушале некој клавирски концерт.