МАГНХИЛД

ГЛАВА I.

Над голите врвови на високите планини, се гледаше како поминуваат буреносните облаци. Долината во подножјето на планините беше тесна и кривулеста, по средината поминуваше поток, силен и полн со вода, а покрај него поминуваше патот. Малку подалеку, на падините на планините беа расфрлани фармите. Многубројните куќи беа мали, ниски и не беа бојадисани, се гледаа и жолтите пластови со сено, полињата со недозреано жито.

Кога ќе излезете од последниот свиок од долината, се отвора погледот кон фјордот, покриен со магла, која личи како да е создадена од искри. Фјордот е затворен со планини речиси од сите страни, па повеќе наликува на езеро.

По патот полека оди коњ и влече санки. На сaнките може да се забележи креатура облечена во водоотпорно палто и голема шапка, а помеѓу нив се наоѓаат брадата, носот и очилата. Покрај креатурата, се наоѓа една девојка. Таа седи врз дрвениот сандак врзан на санките, рацете цврсто ги држи под марамата и кла- ти со нозете, облечени во груби чизми. Одеднаш, девојката извикува:

“Магнхилд! Магнхилд!“

Човекот на санките се врти и гледа во жената што помина покрај санката. Беше висока и облечена во во- доотпорна наметка. Накусо, човекот ги забележа цртите на убавото лице, сокриено под качулката, којаш- то стигаше до веѓите. Жената се сврте, и тој можеше да ја види како стои и гледа во него, со показалецот во устата. Нејзиниот поглед беше продорен, но сепак, на крајот, лицето почна да ѝ се вцрвува.

“Ќе ви се придружам, само да се погрижам за коњи- те!“, повика девојката од санките.

Продолжија понатаму.
“Кој беше тоа, мила моја?“, праша патникот.
“Таа е жена на локалниот сарач. Ене, онаму е нивната куќа.“, беше одговорот.
Набргу, санката стигна до местото од каде што се гледаше фјордот и неколку куќи. Девојката ги повлече уздите и скокна од дрвениот сандак. Прво се занимаваше со изгледот на коњот, а потоа и со сопствениот изглед. Дождот престана да паѓа, таа ја симна марамата и ја здипли, па ја стави во малиот џеб на санките, па со прстите се обидуваше да си ја поправи косата, којашто ѝ паѓаше врз образите.

“Жената од пред малку ми изгледаше некако осамено“, покажувајќи со раката наназад, преку рамото.

Девојката го погледна, па почна да си потпевнува, но престана…

“Се сеќаваш ли на свлечиштата покрај кои што по- мина, на неколку милји погоре?“

“Сум поминал покрај многу свлечишта.“ Девојката се насмевна.
“Да, но она на кое мислам се наоѓа од другата страна на црквата.“
“Тоа е некое старо свлечиште?“
“Да, тоа се случи многу одамна. Тоа е местото на кое се наоѓаше поседот на нејзиното семејство. Несреќата се случи кога таа имаше осум или девет годи- ни. Настрадаа нејзините родители, браќата и сестрите, сите живи суштества на поседот. Само таа беше спасена. Земјиштето ја одвлекло накај потокот, а таму ја пронашле луѓето што итале да им помогнат на несреќните членови на нејзиното семејство. Кога ја пронашле, била во бессознание.“

Патникот беше задлабочен во своите мисли.

“Мора да има некоја причина зошто таа преживе- ала.“, рече тој по извесно време.

Девојката погледна накај него. Го гледаше и чекаше да им се сретнат погледите, но тоа не се случи, па таа повторно седна врз дрвениот сандак и продолжија со патувањето.

Долината се ширеше кон фјордот, фармите беа раштркани во рамнината. На десната страна беше црквата, а гратчето беше малку подолу. Имаше голем број на еднокатни куќи, коишто беа бојосани во бело или црвено, или не беа бојосани. По целиот брег на фјордот се простираше пристаништето. Во далечината се гледаше и чадот на парната машина, а на устието на реката беа закотвени два стари товарни брода, кои во тоа време го примаа товарот.

Црквата беше нова, но беше очигледно дека гради- телите се обидувале да ја копираат старата архитектура на норвешките цркви од дрво. Патникот слезе од санката, се загледа во градбата, изгледаше како да има познавања од архитектурата, па помина низ портата и влезе во црквата. Само што зачекори во внатрешнос- та, камбаната почна да бие. Од страната на гратчето можеше да се забележи свадбената поворка. Тој излезе од црквата кога поворката се доближи до капијата на црковниот двор. Тој стоеше покрај влезот, додека влегуваше младоженецот – постар човек со големи раце и големо лице, невестата – млада девојка, со округло буцкасто лице и крупно, силно тело. Жените во поворката беа облечени во бело и носеа ракавици. Некои фрлаа по еден поглед кон странецот. Многумина беа згрбавени, имаше и една со грпка, за ниту една не можеше да се рече дека има убава става.

Мажите носеа сиви, кафени или црни шапки од филц, долги костуми. Најголемиот дел од мажите имаа по некој прамен коса пуштен покрај увото, а некои имаа брада. Лицата им беа тврди, имаа остатоци од тутун на аголот на усните, а кај некои можеше да се забележи дека имаат тутун за џвакање во устата.

Против својата волја, патникот размислуваше за девојката што ја видоа пред малку. Нејзината животна приказна беше слична со онаа на пејзажот околу него. Нејзиното префинето и сонливо лице беше полно со копнеж исто колку и овие планини со дожд; сѐ што беше видел досега и луѓето и земјата тука, сѐ беше некако скроено како неа.

Како што му сѐ приближуваше на патот, девојката од санките со брз чекор се упати кон ливадата покрај патот на која пасеше коњот. Додека ги влечеше уздите, погледот ѝ беше постојано прикован на свадбената поворка.

“А, ти девојко, имаш ли свршеник?“, праша странецот, па се насмевна.

“Тој што треба да ме има, сѐ уште е слеп.“, му одговори таа, со тон како да кажува поговорка.

“Тогаш, претпоставувам дека многу силно посакуваш да ја смениш сегашната состојба или место, нели?“, па додаде: “Дали сакаш да одиш во Америка?“

Девојката беше изненадена, беше очигледно дека прашањето е поставено со некаква цел.

“Дали ќе заработиш подобро ако им се придружиш на останатите што имаат санки? Добиваш многу на- рачки? Еј?“

Девојката се вцрви во лицето. Без да му одговори, таа веднаш се качи на сандакот, вртејќи му го грбот на патникот, пред тој да се качи во санката.

Набрзо, стигнаа во близина на убаво бојадисаните хотели, коишто се наоѓаа од двете страни на улицата на влезот во гратчето. Застанаа пред еден хотел. Подолу, на балустрадата, носачите – група млади момчиња стоеја, очигледно беше дека ја следеле свадбената поворка, а сега ги чекаа патниците од паробродот. Патникот се симна од санките, се упати накај хотелот, додека девојката веќе ги откопчуваше ремените со кои сандакот беше врзан за санките. Човекот се посомнева дека некој од момчињата ѝ беше понудил помош на девојката околу сандакот и погледна низ прозорецот, па виде како таа го оттурна крупното будалесто момче со кусо палто. Можеше да се забележи дека на ова му претходело некакво безобразие од страна на носачите, па таа бесно им одговараше со истиот безобразен тон, додека тие гласно се смееја. Девојката влезе во хотелот, влечејќи го тешкиот сандак. Патникот од кочијата ѝ ја отвори вратата, а таа му се насмевна. Додека тој ѝ ги броеше парите, ѝ рече:

“Се согласувам со тебе Рунауг, треба да заминеш за Америка што е можно поскоро.“

Потоа ѝ даде уште два долари како бакшиш.

“Ова е мојот прилог за твојата заштеда.“, додаде човекот со сериозен тон.

Му се заблагодари со широко отворени очи и уста, ги зема парите, па со двете раце се обиде да си ја по- прави косата, која повторно ѝ беше паднала преку очите. Додека беше зафатена со поправањето на косата, испушти неколку од паричките што ги држеше во полузатворената рака. Подзастана и се наведна да ги собере, но почна да се навалува нанапред, бидејќи големиот јазол на нејзината марама ја влечеше надолу, а беше очигледно дека во него има нешто тешко. Додека си ја поправаше облеката, повторно ѝ паднаа паричките на улицата, што беше проследено со салва грубости од групата носачи на улицата, но овојпат таа не им возврати ниту збор. Ја сврте санката и фрли срамежлив поглед накај хотелот додека поминуваше покрај него, па го потера коњот во кас.

399 ден

ISBN: 9786082210438 Категорија , Tags ,
Автор: Бјорнстјерн Бјорнсон
Издавач: Икона
Димензии: 164стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Бјорнсон бил идеалист, човек посветен на добротворни цели и патувал низ цела Европа. Бјорнсовите приказни за животот на село биле романтичен обид да се долови норвешкиот национален карактер во литературата. Тие биле многу популарни во САД меѓу норвешките иселеници. Во Магнхилд, првпат издадена во 1877 година, тој започнува со разгледи на социјални прашања, задржувајќи ги неговите симпатии кон човечката несовршеност.


Бјорнстјерн Мартиниус Бјорнсон (1832-1910) се смета за еден од така наречените четворица великани на норвешката литература од 19 век, заедно со Хенрик Ибзен, Јонас Лие, и Александар Киеланд. Бјорнсон е автор и на стиховите на норвешката национална химна.


Добитник на Нобелова награда за литература во 1903

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber