Memoari

Мемоари

Заводник, коцкар, измамник, добротвор, шпион, авантурист, фалбаџија, самопрогласен џентлмен, духовит човек, поет, преведувач, филозоф, човек посветен на убавиот живот и на што ли уште не… Џакомо Казанова не е само еден од најпознатите љубовници што западниот свет некогаш го познавал туку и првокласен раскажувач. Во овој избор од неговите мемоари, Казанова проникливо и возбудливо ги преплетува интимното, јавното и историското, портретите на големите луѓе што го обележале своето време, со личните приказни за оние 120 жени што ги љубел. Мемоарите се приказна за трагачот по љубовниот апсолут, неуморниот еротски истражувач, човекот што сака да дојде до крајот на сексуалното задоволство.

„Мемоарите на Казанова мора да се прочитаат… тие се дело не само на високо признаен заводник туку и на книжевен уметник со најголем талент.“ – New York Times Book Review место, половина чекор зад најголемиот од раскажувачите.“

Nation

„Казанова нуди величествена слика на Европа од XVIII век: голем театар на интриги, турканица со политички пратеници, шпиони, измамници, шарлатани, бегалци, куртизани, републиканци, слободоумници, розенкројцери и инквизитори.“

Boston Globe

420 ден

Автор: Џакомо Казанова
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 450 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber