Митизација на реалноста

„Митизација на реалноста“ е збирка од литературни есеи, раскази, записи и цртежи од Бруно Шулц, кои не биле застапени во неговите единствени две збирки Продавниците со боја на цимет и Санаториумот во знакот на Клепсидрата. Овие прозни текстови биле објавувани во угледни полски списанија во периодот од 1934-39 год. „Ова издание е за оние кои го читале Шулц и останале жедни за повеќе од него, но не само за нив, се разбира“. „Во расказите на Шулц сѐ е преобразено, зголемено, искривено и претворено во сон од страна на неговата фантазија. Тој умее наједноставните работи да ги завитка во пајажина од метафори, со што на своите јунаци им дава митолошки облик“. Истото важи и за литературните критики и есеи, како и цртежите што се застапени во ова уникатно издание на Бруно Шулц. Драг читателу, читај, вкусувај, мирисај и уживај!

250 ден

Автор: Бруно Шулц
Издавач: Бегемот
Димензии: 147 стр. 11 х 18 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber