Andric-Drina

Мостот на Дрина

Користејќи го мостот во Вишеград како симбол за вкрстувањето на различните култури и цивилизации, Андриќ ја раскажува приказната за подемите и падовите на империите, драматичните историски промени и пресвртите во општеството од крајот на XVI век до почетокот на Првата светска војна. Тоа го прави врз фонот на човечките судбини што се случуваат во еден микрокосмос во кој со векови живееле, љубеле и работеле едни покрај други Срби, Хрвати, Бошњаци и Евреи, христијани и муслимани.

Андриќ е исклучително умешен писател кој успешно го комбинира фактографското и проверливото со светот на легендите и народните преданија, големите историски настани и секојдневните човечки драми, при што самиот чин на раскажување станува потрага по смисла и можен патоказ за човечката егзистенција.

Истовремено, Мостот на Дрина е и еден од најголемите книжевни споменици за животот на луѓето од просторите на Босна и Херцеговина.

315 ден

Автор: Иво Андриќ
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 400 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?