Во Вљубениот човек, втората од шесте кнги од циклусот Мојата борба, Кнаусгард зборува за бурните меѓусебни односи, за искушенијата на родителството, и потребата да се создаде голема уметност. Неговата особена проникливост и возбудлива искреност треба да се прочитаат за да се поверува во нив.
“Внимателно испитувајќи го својот свет, тој им дава на читателите поттик да размислуваат за сопствените животи. Тој открива многу за себе и своите најблиски, но од Мојата борба најмногу учиме за нас самите” Independent
Мојата борба е прустовско откривање на неговото минато, во кое Кнаусгард создава универзална приказна за борбите, големи и мали, коишто ги водиме во нашите животи. Мојата борба е длабоко сериозно и возбудливо дело.
Првиот роман на Карл Ове Кнаусгард Надвор од светот (Ute av verden, 1998) е единствениот дебитантски роман којшто ја добил
The Norwegian Critics’ Prize. Неговиот втор роман Време за секоја можност под небото (En tid for alt, 2004) исто така наиде на одушевување
кај публиката, а неговиот последен роман Мојата борба (Min kamp, 2009- 2011) е добитник на наградата Brage и е прифатен како ремек дело секаде каде што е објавен.
Неговото нескротливо размислување е величествено и пружа порој од идеи. Храбро и самоуверено, Кнаусгард го насликува животот во целата негова ширина.
Frankfurter Allgemeine Zeitung