Goce-Naumov_Neolitski-figurini

Неолитски фигурини

Во монографијата Неолитските фигурини во Македонија се презентирани сите досега познати минијатурни претстави на човечкото тело пронајдени на повеќе локалитети датирани околу шестиот милениум п.н.е. Во неа се обработени клучните аспекти на неолитските антропоморфни фигурини, вклучувајќи ги нивната географска распространетост, типологија, временска припадност, техники на избработување, иконографски обележја, како и симболичките значења што ги содржат овие предмети. Направен е ширoк мултидисциплинарен преглед што овозможува целосен увид во речиси сите аспекти на овие артефакти. Една од целите на трудот е да покаже дека неолитските антропоморфни фигурини и воопшто материјалната култура не можат да се толкуваат еднонасочно. Тие не се во толкава мера уедначени ниту стандардизирани за да се употреби општа дефиниција на нивното значење и за нивната намена. Мноштвото вакви артефакти варираат според својот изглед, димензиите, контекстот и технолошката изработка, поради што во оваа пригода им се пристапи од повеќе перспективи. Од тие причини, во монографијата се приложени различни анализи и согледувања за улогата на неолитските фигурини во првите земјоделски општества во Македонија, со што воедно се истакна нивното исклучително значење во социјалните и симболички процеси карактеристични за заедниците кои го населувале овој простор пред околу осум илјади години.

600 ден

Автор: Гоце Наумов
Издавач: Магор
Димензии: 23*30 cm
Тежина: 300 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?