nisto

Ништо

Сè започнува кога Пјер Антоан, главниот покренувач на настаните во Ништо на Јане Телер, на еден час изјавува дека „не постои ништо што значи нешто“, оти животот е бесмислен и нема потреба да се грижиме за ништо: за училиштето, пријателите, семејството. Во знак на протест, се качува на едно сливово дрво и оттаму почнува да ги гаѓа своите довчерашни другари со презреани сливи и со своите филозофски мудрости. Исплашени од неговото забегано однесување, тие тргнуваат во очајна потрага по смислата на животот откажувајќи се од најзначајните работи и предизвикувајќи се на сѐ поголеми жртви. Купот почнува со нечии омилени зелени сандали, жолт велосипед, данско знаме, стара касета од Битлси…

Но дали откажувајќи се од најсаканите работи потврдуваме дека навистина ништо не е важно? Измачувајќи се со ова прашање, секое наредно барање на седмоодделенците станува сè посурово и настаните постепено добиваат морбиден пресврт…

250 ден

Автор: Светлана Жухова
Издавач: Три
Димензии: 14*21 cm
Тежина: 140 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?