odenje-po-jaze

Одење по јаже

Возбудливиот роман Одење по јаже нè води на една живописна авантура по таинствените патеки на детско-младешката мечта. Како вистинска маѓосничка, со своето волшебно перо Лижија Божунга го распостила пред нас платното на еден циркус исткаено од изненадувања, чинки и неочекувани пресврти.

Малата ѕвезда Марија, ќерка на акробати, против своја волја е оттргната од магичниот циркуски свет и оди да живее „нормален“ живот кај баба си. Осамена во големата куќа полна со спомени, таа тргнува на едно необично патување… Како што и народната мудрост убаво кажала, одењето по јаже е метафора за живот исполнет со сериозни предизвици и длабоки преиспитувања. Така и Марија чекори по својот пат, во потрага по рамнотежа, отворајќи ги вратите на минатото и преживувајќи ги драмите кои ќе го обележат нејзиното детство.

250 ден

ISBN: 9786082304748 Категорија , Tags , ,
Автор: Лижија Божунга
Издавач: Три
Димензии: 14*20,5 cm
Тежина: 100 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?