Кога седнав да ги напишам овие белешки во дождливиот Њујорк, мислејќи на свежиот бел снег, кој само што падна во Хелсинки и раниот, тенок мраз, се сетив на приказните за ладната зима во Финска, во која секоја година се прават импровизирани скратени патишта преку замрзнатите северни езера. Месеци подоцна, кога мразот почнува да се истенчува, некој ќе ризикува да вози преку езерото и ќе пропадне. Го замислувам тој последен поглед преку белиот мраз кој се крши, како ладната, темна вода влегува во автомобилот кој тоне. Финска е трагична и мистериозна убавина.
Јухани Паласмаа и јас првпат почнавме да споделуваме раз- мислувања за феноменологијата на архитектурата во текот на мојата прва посета на Финска, за време на петтиот Алвар Аалто симпозиум во Јиваскила, во август 1991 година.